Canon CanoScan 5600F

CanoScan 5600F

Професионален - квалитетен CCD скенер со држач за 35mm филм/слајд кој обезбедува исклучителна 4800x9600dpi резолуција и 300dpi скенирани материјали за 11 секунди. Нула времето за загревање нуди инстант работење за рефлективно скенирање.

Придобивки

  • Скенер за фотографија, филм и документи со современа CCD технологија
  • Врвен квалитет со резолуција од 4800x9600dpi и боја 48-bit
  • Скенирање на филмски летни и слајдови
  • Нула време за загревање
  • Брзо 300dpi A4 скенирање
  • 7 EZ копчиња
  • Режим за автоматско скенирање
  • USB конекција
  • Вграден AC адаптер

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon CanoScan 5600F

Скенирање со висока резолуција


Со максимална резолуција од 4800x9600dpi, овој скенер со современа CCD технологија има капацитет да обезбедува скенирани материјали со многу високо ниво на чистота, фотографски детаљи и со точна репродукција на бојата. 48-bit инпут обезбедува точност во боите и го извлекува најдоброто од вашите слики во секое време.

Скенерот има капацитет да креира 300dpi A4 скенирани материјали за значително кратко време од приближно 11 секунди.

Супериорна функционалност


И скенирањето на 35mm филм и скенирањето на слајдови е со исклучителен квалитет. Постои можност да се скенира филм директно во вашиот компјутер или Mac.

Оние што користат скенирање на филм ќе имаат корист од шест-рамковната поддршка за 35mm лента (негатив-позитив) и четири-рамковната поддршка за 35mm слајд (негатив/позитив).

Вклучувањето на високо светлечка бела LED диода за рефлективно скенирање исто така значи брзо работење. Ова на идеален начин е демонстрирано преку нула времето за загревање, така што нема потреба корисникот да чека наоколу пред да започне со скенирањето.

Лесен за користење


Ова е софистициран скенер со многу креативни функции, но сепак лесен за употреба. Има седум EZ тастери - сите тие се наоѓаат на предниот дел од скенерот - и овозможуваат највообичаените задачи да се извршуваат само со едно притискање. Тастерите се за фотокопирање, скенирање, е-пошта и креирање на PDF. Тастерите можат исто така да бидат конфигурирани од страна на корисникот за да одговараат на неговите индивидуални желби.

Режимот за автоматско скенирање е уште една креативна, а сепак директна каратеристика. Скенерот автоматски детектира што ќе скенира - документ или фотографија - и тоа го скенира и снима користејќи нагодувања кои се соодветни за оригиналот. Ова може да се комплетира од менито на софтверот со едно притискање.

Поврзување


Скенерот е опремен со интерфејс на USB со голема брзина кој помага да се зголеми продуктивноста и брзината на скенирањето. За напојувањето, во производот е вграден AC адаптер.

Софтвер


Заедно со скенерот доаѓа и богат софтвер кој вклучува MP Navigator EX (за лесно работење со најсложените операции на скенерот), ScanGear и исто така ArcSoft PhotoStudio.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon CanoScan 5600F, неговите функции и можности.

Scanning resolution in dots per inch

Резолуција на скенирање во точки по инч

A4 colour document scan speed

Брзина на скенирање на A4 документ во боја

Negative film scanning

Скенирање на негативи од филм

One touch operation

Ракување со еден допир

PDF files creation function

Функција за создавање на PDF фајлови