Canon 10x42L IS WP

Водоотпорен двоглед со доближување до 10x, светла излезна зеница од 4,2 mm и реално видно поле од 6,5º.

Придобивки

  • Врвен и светол двоглед од серија L со доближување до 10x

  • Водоотпорен* и издржлив во екстремни временски услови

  • Неверојатно стабилно видно поле со стабилизација на сликата

  • Големата излезна зеница од 4,2 mm нуди светло видно поле

  • Удобно растојание од окото до објективот од 16 mm

10x42 Lifestyle Birdwatching

Детални карактеристики

  • Светол двоглед од врвна класа со доближување до 10x кој е идеален за слаба осветленост

    Врвен двоглед со голем контраст и доближување до 10x кој се одликува со прецизна оптика од серија L од Canon, 2 стаклени елементи со извонредно ниска дисперзија (UD) и Super Spectra слој за објективи кои создаваат извонредно јасен приказ. Излезната зеница од 4,2 mm нуди светло видно поле дури и во услови со слаба осветленост

  • Водоотпорен* и издржлив во екстремни временски услови

    Потполно водоотпорен* за да ги издржи дури и најлошите временски услови со заштитата со спецификација JIS 7, уникатен држач за лесно држење во влажни услови и издржлив гумен слој кој ќе ги издржи сите ваши авантури. Специјалните метални слоеви на сите надворешни површини спречуваат замаглување на леќата.

  • Неверојатно стабилно видно поле

    Уживајте во извонредно стабилно видно поле благодарение на технологијата за стабилизација на слика (IS) од Canon, која елиминира голем опсег на различни видови на тресење при рачно гледање или при гледање од возила или бродови во движење. Малите жироскопски сензори во двогледот ги откриваат дури и најмалите движења, а призмата со променлив агол се движи за да го коригира аголот на прекршување на светлината која навлегува.

  • Лесно пронаоѓање на објектите со прекрасно видно поле

    Уживајте во прекрасно видно поле со јасни и рамни слики со мало изобличување низ целата површина со видно поле од 59,2° и двата елементи на објективот за израмнување на поле од Canon. Гледајте го целото видно поле со растојание од окото до објективот од 16 mm, кое е идеално за корисниците кои носат очила за сонце или очила со диоптер.

  • Дизајниран земајќи го предвид практичното и удобно користење

    Дизајниран со поголеми гумени заштитници за очи кои можат да се прилагодат за удобно и добро урамнотежено гледање, плус рамномерно прилагодување со прстенот за фокусирање кое овозможува едноставна контрола која е лесно достапна и за двете раце. Заклучувањето на корекцијата спречува грешки при ненамерна корекција на диоптерот.*Водоотпорност од JIS класа 7