Овој напреден 14-цифрен калкулатор со Bubble Jet печатење, со изразито зелени знаци на екранот со 2-бојна позадина, овозможува широка палета опции, вклучувајќи даночни и деловни пресметки и претворање валута.
|
Брзо и тивко печатење со висок квалитет 14-цифрениот калкулатор со печатење,BP1400-LTS, брзо и тивко ги извршува и најкомплицираните пресметки. Нашата ексклузивна технологија на Bubble Jet печатење обезбедува отпечатоци со постојан висок квалитет - при голема брзина од 5,6 реда во секунда.
Извонредно лесен за користење
Секој елемент на овој калкулатор е конструиран за да овозможи извонредно лесно користење, особено кај многу тешките задачи. Изразито зелени знаци на екранот со 2-бојна позадина постигнува осветлување со висок контраст, со големи, читливи букви, удобни за гледање. Просторниот распоред на копчињата овозможува брзо, лесно и речиси безгрешно внесување на бројките. Избор на крупно или ситно печатење придонесува за општата прилагоденост кон корисникот.
Целосно опремен за сите ваши потреби
Олеснете си ја работата со функциите за пресметка на данок и за набавна цена, продажна цена, маржа. Тие ја елиминираат потребата од комплексни формули при изведување на клучни деловни пресметки. Калкулаторот нуди и лесно препознавање на овие вредности, со азбучни кратенки на пет европски јазици - како на отпечатоците, така и на големиот екран.
Другите опции вклучуваат практично претворање валута, режим на часовник и календар, меморија за краен збир и цела палета функции коишто ќе ги очекувате кај секој професионален калкулатор од Canon.
На главата на печатачот не и треба одржување
Патронот CJ-3A II содржи и мастило и глава за печатење во една, компактна единица. Со чисто и лесно менување, тој гарантира продуктивно печатење со постојан висок квалитет, без никакви грижи за одржувањето.
Траен дизајн
Овој стилски и рационализиран калкулатор се вклопува без проблем и на најмалата работна површина. Издржливите врвови на копчињата се лиени со двојно вбризгување за да претстават обоени натписи и графики со професионален изглед. Овие знаци се вградени во врвот на копчето, така што нема да се избришат, дури и при постојано користење. BP1400-LTS се поврзува на стандардно напојување со АС.
|