Брз и навистина тивок во работата, BP37-DTS има добро распоредена тастатура, капацитет од 12 цифри и јасен екран со течни кристали, лесен за читање. Со помош на три копчиња, BP37-DTS изведува пресметки на набавна цена/продажна цена/маржа. Ако, на пример, за нешто сте платиле €200 и сакате да го продадете со 12.5% профит, едноставно ќе внесете 200, проследено копчето за набавна цена, па потоа 12,5%, проследено со копчето за маржа. На екранот ќе стои 225, проследено со зборот ’Продажна цена’. Тоа е цената, по којашто треба да продавате за да добиете 12,5% профит.
Со помош на копчињата за данок, BP37-DTS ги изведува и даночните пресметки.
Максималната брзина на пешатење е 5,6 реда во секунда, што е најбрзо во светот. BP37-DTS се поврзува на AC напојување, а неговите големи копчиња ги прават удобни долгите работни сесии. За дополнителна брзина и практичност, тука се посебните копчиња за 0, 00 и 000.
Бидејќи патронот за BP37-DTS содржи и мастило и глава за печатење во една единица, одржувањето е речиси елиминирано, а патронот можете да го замените без да си ги извалкате рацете.
|