Подобрување на еколошките перформанси LS-80TEG е мал калкулатор за на маса со 8 цифри кој е направен да ја подобри ефикасноста и еколошките перформанси. За зачувување на ресурсите и намалување на трошењето, горното куќиште, долното куќиште и капачето за батеријата на калкулаторот се направени со користење на 100% рециклиран материјал од копирите на Canon. Тој претставува совршено решение за совесни индивидуални лица и компании со политика за еколошки набавки. Тој ги задоволува потребите на големите претпријатија кои работат според IS0 14001 сертифицираните стандарди за ракување на начин кој не и штети на околината.
Енергетска ефикасност и подолг работен век на производот Двојниот извор на напојување со енергија обезбедува енергетска ефикасност. Калкулаторот користи заменливи батерии за подолг работен век на производот - за разлика од некои калкулатори кои мора да се фрлат откако батеријата ќе се истроши. Исто така, работи на соларна енергија за максимална заштеда на енергија. За дополнителна заштеда на енергија, функцијата за ’автоматско исклучување’ го исклучува калкулаторот по 7 минути ако тој не се користи.
Практични функции за претворање на даночна и евро валута Практичните функции за претворање на даночна и евро валута го прават овој мал калкулатор совршен и за канцелариска и за домашна употреба. Определете ги даночните стапки со еден допир и набрзина претворете ги валутите со леснотија. Исто така, LS-80TEG ги содржи и сите стандардни функции, кои можат да се очекуваат од еден калкулатор на Canon, со кои се овозможува ефикасност при пресметувањето.
Голем LCD екран И покрај неговата компактна големина, овој мал калкулатор за на маса има голем LCD екран за јасен преглед на знаците само со еден поглед. Исто така, има просторна тастатура и големи, удобни копчиња за брзо и едноставно внесување цифри.
Интелигентен дизајн, стилски тонови LS-80TEG, кој заштедува простор, е дизајниран лесно да се вклопи на вашето биро - или секаде каде што ви е потребен. Со интелигентната завршна обработка во сива и златна боја, тој придодава стилски изглед на вашето опкружување.
|