Мини-калкулаторот за на работна површина на Canon, LS-88V, комбинира пристапна цена и функционалност со модерен дизајн. Едноставен за користење, стилски и практично компактен, тој одлично лежи на вашата дланка.
|
Функционален и забавен за користење Со елегантниот, шарен и компактен LS-88V, Canon докажува дека калкулаторите не треба да бидат здодевни. Чистиот, едноставен и стилски дизајн го издвојуваат овој 8-цифрен мини-калкулатор за на работна површина од останатите. Тој ви ја овозможува сета практична моќ за пресметување, потребна за секојдневните задачи. Едноставно одберете ја пастелната боја која одговара на вашиот омилен стил - дали студена океанско сина или упадлива корално жолта. Понатаму, LS-88V не е само атрактивен туку е и навистина економичен, бидејќи е достапен по навистина конкурентна цена.
Обезбедува едноставност и ефикасност LS-88V е опремен со атрактивен ЛЦД екран, така што бројките ќе ги прочитате со еден поглед. Функциите се јасно истакнати благодарение на специјално конструираните овални и правоаголни врвови на копчињата, шифрирани по боја, кои овозможуваат брзо и лесно ракување. Тука се и пригодната меморија со 3 копчиња, како и копчињата за квадратен корен и за процент. Практичен двоен извор на напојување, соларно и на батерија, обезбедува континуирано користење, без оглед дали на дневна светлина или во затемнети услови - во комплет со функција за ’автоматско исклучување’, која штеди енергија. Кога е во прашање пресметувањето, мини-калкулаторот за на работна површина LS-88V е задолжителен.
|