Калкулатори од економската серија

Canon AS-8

Овој компактен и стилски калкулатор за во рака со 8 цифри се одликува со интелигентен дизајн на извлекување во лак и издржлив капак на отворање нанадвор за 360 степени, правејќи го AS-8 идеален за користење во канцеларија или кога сте во движење.

Придобивки

  • Калкулатор за во рака со 8 цифри

  • Компактен и лесен со дизајн на извлекување во облик на лак

  • Горното и долното куќиште и тврдиот капак се направени од рециклиран материјал од Canon

  • Издржлив капак на отворање нанадвор за 360 степени

  • Голем LCD екран

Детални карактеристики

  • Калкулатор за во рака со дизајн на извлекување во лак

    Понесете го AS-8 калкулаторот за во рака со 8 цифри од Canon со вас каде и да одите и ќе бидете спремни да направите брзи пресметки на самото место. Дизајнот на извлекување во лак овозможува удобно држење на калкулаторот во рака, додека капакот кој се отвора нанадвор и може да се ротира за цели 360 степени, го заштитува калкулаторот во секое време.

  • Заштита на планетата

    Горното и долното куќиште и тврдиот капак на калкулаторот AS-8 се направени од рециклиран материјал од Canon. Крајниот резултат е еколошки џебен калкулатор, кој помага во зачувување на скапоцените глобални ресурси.

  • Голем LCD екран

    Освен неговата компактна големина, овој калкулатор за во рака се одликува и со голем LCD екран, за да можете лесно да ги прочитате сите бројки со еден поглед. Кориснички прилагодениот распоред - со јасна тастатура и големи копчиња, означени по боја - обезбедуваат лесно и безгрешно внесување на бројките.