Нудејќи богатство од врвна технологија, MP121-DTS е направен за корисниците што се бават со напорна работа. За почеток, тој е опремен со пригодната функција на Canon за набавна цена/продажна цена/маржа (Cost Sell Margin - CSM): опција лесна-за-користење, со која се ракува со само три копчиња - Cost, Sell и Margin. Едноставно внесете кои било две од овие вредности и непознатата варијабла веднаш се пресметува, се за да се елиминира потребата од комплексни формули кога е во прашање изведувањето на многу клучни деловни пресметки. MP121-DTS е опремен и со голем, аголен екран со течни кристали, кој ги намалува блескањето и одбивањето на светлината. Тој претставува слика на новата генерација, ориентирана кон потрошувачот, со просторна тастатура во сино и виолетово за удобно и практично користење. За дополнителна практичност, тој е опремен 2-боен (виолетово и црвено) печатач со валјак со мастило, плус режим за календар и време, како на екранот така и на отпечатоците.
|