P23-DTSII има капацитет од 12 бројки и голем екран со течни кристали, лесен за читање. Со помош на специјалните копчиња, тој изведува пресметки на набавна цена/продажна цена/маржа. Ако, на пример, за нешто сте платиле €200 и сакате да дознаете по која цена треба да го продадете за да добиете 12.5% профит, едноставно ќе чукнете 200, проследено копчето за набавна цена, па потоа 12,5%, проследено со копчето за маржа. На екранот ќе стои 225, проследено со зборот ’Продажна цена’. Со други зборови, за да добиете 12,5% профит, треба да продавате по €225.
Со помош на посебни копчиња за данок, P23-DTSII ги обработува и даночните пресметки.
Компактен и пренослив, P23-DTSII има дарежлив распоред на тастатурата и големи копчиња за лесна работа. За дополнителна практичност, тука се посебните копчиња за 0, 00 и 000, како и функција на часовник и календар.
Печати со максимум 2,3 реда во секунда, како во виолетово така и во црвено.
|