spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image
За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija spacer image spacer image
spacer image spacer image spacer image
spacer image spacer image
         
spacer image spacer image
spacer image Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Преносни калкулатори со печатач > X MARK 1 PRINT spacer image spacer image
spacer image

Canon X MARK 1 PRINT
Калкулатори

Произведен со користење на рециклиран Canon материјал, овој уникатен деловен калкулатор со големина колку дланка и можност за печатење ја комбинира стилската едноставност со грижата за околината – со цел да се добие максимален стил и да се минимизира трошењето.

Карактеристики

  • Рационализиран стил
  • Долното куќиште/капачето за батеријата се направени со користење на рециклиран материјал од копирите на Canon
  • Двојно напојување со енергија: батерии и стандардно (изборен адаптер)
  • Брзо печатење во 2 бои
  • Функции за претворање на даночна, деловна, евро валута
  • Голем LCD екран со задно осветлување
  • Енергетски ефикасен
Стилски начин за намалување на трошењето



Рециклирање со цел да се зачуваат ресурси
Овој рационализиран пренослив калкулатор со 12 цифри и можност за печатење нуди најинтелигентен начин за зголемување на ефикасноста при пресметките, а истовремено заштедува скапоцени ресурси. Рециклираниот материјал од копирите на Canon се користи за правење на долното куќиште и капачето за батеријата на калкулаторот. Ова го намалува трошењето, со што X MARK I PRINT станува калкулатор со можност за печатење кој е вистински избор за одговорни менаџери, професионалци и индивидуални лица со развиена еколошка свест.

Усовршена енергетска ефикасност
X MARK I PRINT има двоен извор на напојување со енергија. Тој користи заменливи батерии (AA x 4) со индикатор за слаба батерија, така што батериите може целосно да се искористат пред менување. Алтернативно, достапен е изборен адаптер (AD-11 III) кој е во согласност со EuP*, така што калкулаторот може да работи на стандардно напојување со енергија. Освен тоа, функцијата за ’автоматско исклучување’ го исклучува екранот со задно осветлување по 30 секунди. Исто така, таа го исклучува и напојувањето на машината по 7 минути, ако калкулаторот не се допира или ако не се користи, што допринесува за дополнителна заштеда на енергија.

Практични деловни функции
Функциите за претворање на даночна, деловна и евро валута го прават овој пренослив калкулатор со можност за печатење незаменлив во канцеларијата, кога работите дома или кога патувате. Определете ги даночните стапки со еден допир, набрзина претворете ги валутите и автоматски пресметајте ги вашите профитни маржи со користење одделни копчиња за набавна-продажна цена-маржа. Тоа е најлесниот начин да ги поедноставите комплексните пресметки и да заштедите време.

Брзо печатење во 2 бои
Овој калкулатор со можност за печатење со валјак со мастило има голема брзина на печатење од 2,3 реда во секунда. Печатењето во 2 бои обезбедува прецизни и безгрешни резултати, при што позитивните броеви се во црна боја, а негативните броеви јасно се истакнуваат со црвена боја.

Голем, осветлен екран со задно осветлување и удобни копчиња
Големиот закосен LCD екран со задно осветлување нуди прегледување со висок контраст за лесно читање на знаците, дури и при постојана употреба. Покрај тоа, просторната тастатура која ‘потсетува на компјутер’ со големи, удобни копчиња, овозможува брзо внесување на цифри без напор.

Светликава бела или блескава црна боја
Изберете ја бојата на вашиот X MARK I PRINT калкулатор и задоволете го вкусот. Интелигентната и сјајна површина е достапна во светликава бела или блескава црна боја. Во секој случај, вие добивате од врвниот стил и ефикасните пресметки комбинирани со грижата за околината.

* Директивата на Европската унија поставува одговорни побарувања за еколошки дизајн за производите кои трошат енергија.

Print page Испечати ја оваа страница arrow more

spacer image
Преземања
Брошури
Сродни производи
Рачни калкулатори
Калкулатори за на маса
Научни калкулатори
Калкулатори со Bubble Jet печатење
Канцелариски калкулатори со печатач
spacer image
spacer image spacer image spacer image
spacer image
spacer image You Can Image spacer image spacer image
spacer image
spacer image
spacer image   © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap spacer image spacer image
spacer image spacer image spacer image spacer image
spacer image   © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба spacer image spacer image