Рачниот P1-DTSII од Canon нуди јасни отпечатоци, лесно ракување и минимално одржување. Работи на батерија или изборно на струја, тој е мал по големина, но голем по капацитет.
|
P1-DTSII го нуди најдоброто од сите светови Тој е доволно компактен и лесен за да го носите во дланката, но неговиот голем, лесен-за-читање екран со 12 цифри, им конкурира на ЛЦД екраните кои ќе ги најдете кај поголемите модели. Згора на тоа, просторниот распоред на тастатурата и специјалните копчиња од гума, кои што не се лизгаат, обезбедуваат тој да биде многу удобен и практичен за користење. Печатејќи со 1,4 реда во секунда, P1-DTSII вклучува печатење со ознака на запирка на 3 цифри, издржлив метален држач за хартија и изборен надворешен или внатрешен систем за снабдување со хартија. P1-DTS ја вклучува и корисната опција на Canon за даноци (Tax), заедно со иновативната функција за набавна цена/продажна цена/маржа (Cost Sell Margin (CSM)): опција лесна за користење, со која се ракува со само три копчиња - Cost, Sell и Margin. Едноставно внесете кои било две од овие вредности и непознатата варијабла веднаш се пресметува. Се за да се елиминира потребата од комплексни формули кога е во прашање изведувањето на многу клучни деловни пресметки.
|