spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image
За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija spacer image spacer image
spacer image spacer image spacer image
spacer image spacer image
         
spacer image spacer image
spacer image Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Рециклирани калкулатори > LS-8TCG spacer image spacer image
spacer image

Canon LS-8TCG
Калкулатори

LS-8TCG

Земете го овој компактен 8-цифрен рачен калкулатор со себе, каде и да одите, и ќе имате практични функции на даночна пресметка и конверзија на валута на дофат на прстите - јасно прикажани на голем ЛЦД екран.

Карактеристики

  • 8-цифрен зелен калкулатор
  • Голем ЛЦД екран
  • Функции на даночни пресметки и конверзија на валута
  • Команда за пресметки
  • Горен и долен дел од куќиштето направени од рециклиран материјал
  • Двоен извор на напојување: соларно и на заменлива батерија
  • Автоматско исклучување
  • 3-годишна гаранција
Многу разновиден, џебен „Зелен“ калкулатор



Замислен да биде зелен
Поставете тренд со овој стилски и интелигентен џебен калкулатор, кој комбинира ефикасно пресметување со заштита на животната средина. Идеален за еколошки свесни поединци - а и за сите компании, кои сакаат да им понудат на своите клиенти совршен промотивен подарок.

Мал, но со голем ЛЦД
И покрај својата големина, овој компактен калкулатор има изненадувачки голем ЛЦД екран. Бројките лесно се читаат, а јасната тастатура, со големи, издржливи тастери, овозможува лесно користење. Згора на тоа, функционалноста на превртување на тастерите овозможува брзо внесување на бројки без блокирање на тастерите.

Поедноставете ги сложените операции
Поедноставете ги комплексните пресметки и заштедете време. Пресметувајте диференцијални даночни стапки со еден допир, благодарение на двата пригодни тастери за даночни пресметки. Конверзијата на валута е подеднакво едноставна. Брзо и лесно конвертирајте ја вашата локална валута во која било валута по избор - или обратно. А можете и моментално да го проверите статусот на калкулаторот, со помош на тастерот ’Знак за пресметковна команда’ .

Заштита на планетата
Горниот и долниот дел од куќиштето на калкулаторот LS-8TCG е направен од 100% рециклиран материјал од Canon фотокопири. За уште поголемо намалување на сметот, за пакување и за прирачникот за работа е користена рециклирана хартија. Крајниот резултат е еколошки џебен калкулатор, кој помага во зачувување на скапоцените глобални ресурси.

Штеди енергија
Каква и да е осветленоста, овој калкулатор со двојно напојување, соларно и на батерија, никогаш нема да ве изневери. За да штеди енергија, функцијата за ’автоматско исклучување’ (auto power-off) го исклучува калкулаторот кога не го користите. Покрај ова, за да му се овозможи долг век, вашиот калкулатор има и заменлива батерија, за разлика од некои калкулатори, кои мора да се фрлат откако батеријата ќе се истроши.

Квалитет на кој можете да сметате
Вашиот рециклиран калкулатор ги задоволува ригорозните барања за квалитет. Покрај тоа што е произведен според највисоките стандарди, тој е поддржан со 3-годишна гаранција, како наша гаранција за одличност.

Print page Испечати ја оваа страница arrow more

spacer image
Преземања
Брошури
Сродни производи
Рачни калкулатори
Калкулатори за на маса
Научни калкулатори
Калкулатори со Bubble Jet печатење
Преносни калкулатори со печатач
Канцелариски калкулатори со печатач
spacer image
spacer image spacer image spacer image
spacer image
spacer image You Can Image spacer image spacer image
spacer image
spacer image
spacer image   © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap spacer image spacer image
spacer image spacer image spacer image spacer image
spacer image   © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба spacer image spacer image