Овој 12-цифрен калкулатор, со голем ЛЦД екран, е ергономично дизајниран за лесно користење. Функцијата на превртување на тастерите овозможува брзо внесување на бројките, вклучувајќи даночни пресметки и конверзија на валута.
|
Зелена моќ Комбинирајќи ја моќта на пресметување со заштита на животната средина, зелениот калкулатор HS-1200TCG е совршеното решение за јавни и приватни организации, со Политика за зелена изработка. Тој е идеален и за сите одговорни деловни корисници - како и за училиштата и за еколошки свесните поединци.
Лесен за читање, лесен за користење Читајте ги бројките со само еден поглед, благодарение на екстра-големиот ЛЦД, исправен под агол. Ергономичниот дизајн со просторна тастатура и големи, издржливи тастери, овозможуваат лесно користење. Згора на тоа, функционалноста на превртување на тастерите овозможува брзо внесување на бројки без блокирање на тастерите.
Поедноставете ги сложените операции Поедноставете ги комплексните пресметки и заштедете време. Пресметувајте диференцијални даночни стапки со еден допир, со помош на двата пригодни тастери за даночни пресметки. Конверзијата на валута е подеднакво едноставна. Брзо и лесно конвертирајте ја вашата локална валута во која било валута по избор - или обратно.
Флексибилни функции Статусот на калкулаторот можете моментално да го проверите со помош на тастерот ’Знак за пресметковна команда’. Останатите функции вклучуваат избирачи за лесно избирање децимали и заокружување - како и тастери за промена на знак, префрлување и процент.
Заштита на планетата Горниот и долниот дел од куќиштето на калкулаторот HS-1200TCG е направен од 100% рециклиран материјал од Canon фотокопири. За уште поголемо намалување на сметот, за пакување и за прирачникот за работа е користена рециклирана хартија. Крајниот резултат е еколошки калкулатор, кој помага во зачувување на скапоцените глобални ресурси.
Штеди енергија Каква и да е осветленоста, овој калкулатор со двојно напојување, соларно и на батерија, никогаш нема да ве изневери. За да штеди енергија, функцијата за ’автоматско исклучување’ (auto power-off) го исклучува калкулаторот кога не го користите. Покрај ова, за да му се овозможи долг век, вашиот калкулатор има и заменлива батерија, за разлика од некои калкулатори, кои мора да се фрлат откако батеријата ќе се истроши.
Квалитет на кој можете да сметате Вашиот рециклиран калкулатор ги задоволува ригорозните барања за квалитет. Покрај тоа што е произведен според највисоките стандарди, тој е поддржан со 3-годишна гаранција, како наша гаранција за одличност.
|