Максимална ефикасност, минимална потрошувачка MP120-MG е првиот калкулатор со функција за печатење, кој користи 100% рециклиран материјал од фотокопири на Canon за мал шрифт - како и пластичен дисплеј, батерија и капаци на печатарската глава. Обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално трошење, тој е идеален за организации со Политика за еколошки набавки, и за сите компании и индивидуални лица кои имаат развиена еколошка свест.
Голем дисплеј со осветлување во 2 бои Големиот LCD дисплеј со осветлување во 2 бои нуди голем контраст и осветлување кое не заслепува, заради лесно читање на бројките. Големи читливи карактери во Чисто зелена боја - наспроти црна позадина - обезбедуваат беспрекорно гледање дури и при константна употреба. Негативните бројки и грешки јасно се прикажани во црвена боја.
Продуктивно печатење во 2 бои. Валјакот за печатење со мастило во 2 бои обезбедува позитивните бројки да бидат јасно отпечатени во црна боја, додека пак негативните бројки се прикажани во црвена боја. Брзината на печатење е брза, 2,7 линии во секунда. Пространата тастатура ‘PC-feel’ со големи, издржливи копчиња во боја овозможува лесно и скоро безгрешно внесување на бројките.
Професионални деловни пресметки Поедноставете ги комплексните пресметки и заштедете време. Автоматски пресметајте ги вашите профитни маржи со засебните копчиња трошок-продажба-маржа, без потреба од сложени формули. Определете ги диференцијалните даночни стапки со еден допир, благодарение на двете пригодни копчиња за даночни пресметки. Исто така, претворете ја локалната валута во валута по ваш избор, или обратно, брзо и едноставно - со користење на копчињата за конверзија.
Голема палета на функции Водете евиденција за се, со практичната функција Часовник и календар и за прикажување на дисплеј и за печатење. Засебните лизгачки избирачи за децимали, заокружување, вкупен резултат и броење на ставки дополнително ја олеснуваат работата и ја зголемуваат целосната функционалност. Други предности вклучуваат не-додавање, дополнителна функција процент/дисконт и копчиња за менување.
AC напојување Калкулаторот MP120-се поврзува на стандардно AC напојување. Направен од рециклирани материјали, тој ги исполнува најригорозните критериуми за квалитет - со цел обезбедување на сигурна и долготрајна употреба.
|