Зелена предност Дајте му на вашиот бизнис зелена предност, со овој голем, ефикасен и еколошки 12-цифрен калкулатор. Тоа е совршеното решение за јавни и за приватни организации, со Политика на зелена изработка -а како за сите одговорно претпријатија, така и за образовните институции и за еколошки свесните поединци.
Голем ЛЦД екран, лесен-за-читање Благодарение на екстра-големиот ЛЦД, што се регулира со навалување, бројките лесно се читаат дури и по подолга употреба. Ергономичниот дизајн со голема, просторна тастатура и со големи издржливи тастери, овозможува работа без напор. Згора на тоа, функционалноста на превртување на тастерите овозможува брзо внесување на бројки без блокирање на тастерите.
Поедноставете ги сложените операции Поедноставете ги комплексните пресметки и заштедете време. Пресметувајте диференцијални даночни стапки со еден допир, со помош на двата пригодни тастери за даночни пресметки. Конверзијата на валута е подеднакво едноставна. Брзо и лесно конвертирајте ја вашата локална валута во која било валута по избор - или обратно.
Флексибилни функции Статусот на калкулаторот можете моментално да го проверите со помош на тастерот ’Знак за пресметковна команда’. Останатите функции вклучуваат избирачи за лесно избирање децимали и заокружување - како и тастери за промена на знак, префрлување и процент.
Заштита на планетата Горниот и долниот дел од куќиштето на калкулаторот TS-1200TCG е направен од 100% рециклиран материјал од Canon фотокопири. За уште поголемо намалување на сметот, за пакување и за прирачникот за работа е користена рециклирана хартија. Крајниот резултат е еколошки калкулатор, кој помага во зачувување на скапоцените глобални ресурси.
Штеди енергија Каква и да е осветленоста, овој калкулатор со двојно напојување, соларно и на батерија, никогаш нема да ве изневери. За да штеди енергија, функцијата за ’автоматско исклучување’ (auto power-off) го исклучува калкулаторот кога не го користите. Покрај ова, за да му се овозможи долг век, вашиот калкулатор има и заменлива батерија, за разлика од некои калкулатори, кои мора да се фрлат откако батеријата ќе се истроши.
Квалитет на кој можете да сметате Вашиот рециклиран калкулатор ги задоволува ригорозните барања за квалитет. Покрај тоа што е произведен според највисоките стандарди, тој е поддржан со 3-годишна гаранција, како наша гаранција за одличност.
|