X MARK I KEYPAD е елегантен, "две-во-едно" персонален калкулатор кој има двојна функција како безжична тастатура за персоналните компјутери. Тој е делумно изработен од рециклирани материјали од Canon, се напојува со соларна енергија, се одликува со рационална употреба и врвен стил.
|
Еден рационализиран уред, две флексибилни примени X MARK I KEYPAD им овозможува на корисниците да го контролираат нивниот компјутер и да вршат математички пресметки со истиот уред. Моменталната компатибилност со хардвер и за Windows® и за Macintosh нуди дополнителна разновидност, овозможувајќи му на калкулаторот да се користи и како безжична нумеричка тастатура за компјутери - обезбедувајќи практична алатка за внесување на податоци – особено кога користите лаптоп.
Разновидни опции, безжична прецизност Одликувајќи се со вградена технологија со радио фреквентни бранови, X MARK I KEYPAD може практично и безжично да се поврзе со други уреди - намалувајќи го нередот на работната маса и зголемувајќи ја употребливоста. Достапна во две верзии со црна и бела боја, тастатурата се одликува со брз одзив, голема брзина и прецизност. Тоа е идеално доколку извршувате голем број на задачи со внесување на броеви и податоци, додека патувате или седите пред компјутерот. А компатибилноста со хардвер и за Windows® и за Macintosh, овозможува практично поврзување со двата системи.
Интелигентен изглед и одржливост – изберете ги и двете Доколку изберете да го намалите штетното влијание врз животната средина не мора да значи дека треба да го намалите и стилот. Како и кај сите други производи од серијата X на Canon, некои делови на X MARK I KEYPAD се изработени од рециклирани материјали од Canon, а со тоа се врши повторно употребување на ресурсите.
Едноставни за користење и поставување X MARK I KEYPAD се одликува со LCD екран со 10 цифри и висока резолуција, со димензии на знаците од 14,2mm x 5,1 mm, додека издржливите копчиња во PC стил на своите корисници им нудат познато чувство и изглед на тастатура. Тоа овозможува едноставно внесување и јасно исчитување на податоците и пресметките. По исклучување на безжичната врска, со помош на копчето за будење ќе можете повторно да ја воспоставите врската. Освен тоа, благодарение на компатибилноста со Windows® и Macintosh, лесно ќе можете да ја префрлите тастатурата на друг уред.
|