Го прави учењето математика многу полесно
Без оглед, дали учите применета, дополнителна, статистичка или чиста математика, нашиот 10+2-цифрен функциски калкулатор F-788dx ви дава предност при самиот старт. Едноставен за ракување, тој има прегледен распоред, препознатливи врвови на копчињата и згодно копче покажувач, кое ги вклучува практичните функции ’Поништи’ и ’Поврати запис’.
Практичен 2-реден екран
И покрај својата компактна големина, F-788dx има голем двореден ЛЦД. Со тоа, во исто време внесот се прикажува во горниот ред, а резултатот во долниот ред. Регулирањето на ЛЦД контрастот обезбедува остро и читливо гледање на бројките и на алгебарските знаци - без оглед на тоа, дали во затемнети или во осветлени опкружувања.
497 функции за сите ваши потреби
Голем број од вкупно 497 функции* ги покриваат сите ваши потреби. Искористете ги предностите од широката палета математички, тригонометриски и компјутерски математички функции - како и од обемните статистички функции, вклучувајќи и генератор на случаен цел број.
Кон општата сестраност придонесуваат 170 метрички претворања и 79 научни константи. Плус, тука се и 20 мемории за чување и 20 мемории за повикување, со независно копче. Каков и да е проблемот, добијте ги сите потребни одговори брзо и точно - веднаш на дофат на прстите.
* погледнете ги спецификациите за целата листа
Елегантен, траен дизајн со тенка става
Со својата елегантна, тенка става, F-788dx комбинира модерен изглед со практични функционалности за лесно-држење и лесно-користење. Компактен и лесен, тој има издржлив капак на навлекување за да го заштити кога не се користи.
Штеди струја
Кога не го користите, калкулаторот се исклучува автоматски по 7 минути за да штеди струја. Тој е опремен и со заштита на меморијата при прекин во напојувањето за да ја заштити вашата работа.
|