Помага во сигурен успех при тестовите Овој елегантен, рационализиран калкулатор е идеален придружник за вашите учебници по математика. Лесен за ракување и држење, тој ви помага да ги разберете и најкомплицираните формули. Јасниот распоред со издржливи тастери, шифрирани по боја, вклучуваат четири копчиња покажувачи, со практичните функции ‘Copy’ и ‘Undo’.
Голем 2-реден екран Компактниот F-766S има голем, двореден ЛЦД екран. Со тоа, во исто време внесот се прикажува во горниот ред, а резултатот во долниот ред. Регулирањето на ЛЦД контрастот обезбедува остро и лесно гледање на бројките и на алгебарските знаци - без оглед на тоа, дали во затемнети или во осветлени окруженија.
349 функции за сите ваши потреби Без оглед дали учите математика, тригонометрија, компјутерска математика или статистика, 349 функции* ги покриваат сите ваши потреби. Дополнителни функции за математика и статистика обезбедуваат вашиот калкулатор F-766S да биде во тек со најновите усовршувања.
Вградени формули 38-те вградени формули ги прикажуваат математичките изрази, онака како што се наведени во вашиот учебник, за да ги зголемат разбирливоста и ефикасноста. Достапни се 17 мемории за чување и 17 мемории за повикување, со независно копче. Каков и да е проблемот, сите потребни одговори ќе ги добиете брзо и точно - веднаш на дофат на прстите.
Рационализиран дизајн со големина на дланката Рационализираниот дизајн го прави F-766S лесен за држење на дланката. Тенок и лесен, тој комбинира модерен елегантен изглед со практична функционалност. Издржливиот капак на навлекување го штити калкулаторот кога не се користи.
Практичен двоен извор за напојување F-766S се напојува и соларно и преку батерија, така што никогаш нема да ве изневери, без оглед на условите на светлото. Згора на тоа, индикаторот за ’слаба батерија“ покажува кога треба да се замени батеријата. Кога не го користите, калкулаторот се исклучува автоматски по 7 минути за да штеди струја.
|