F-715SG

Калкулатори од научната серија

Canon F-715SG

This fast, 14-digit, 2-colour ink ribbon printing calculator offers comprehensive tax, business and currency conversion functions. It has a large 2-colour display and a smart, silver metallic finish.

Придобивки

  • Голем 2-линиски LCD екран

  • 250 функции и одлики

  • До 16 цифри за внатрешни пресметки

  • Поодржливо решение, со користење на рециклирани пластични материјали од Canon за долното и тврдото куќиште

  • Сигурен двоен извор на напојување: соларна енергија и батерија

  • Во избор од три бои

Детални карактеристики

  • Појасни отчитувања со исклучително голем 2-линиски екран

    Идеален за учење, проверки и решавање на проблематични задачи од домашната задача, научниот калкулатор F-715SG се одликува со исклучително голем 2-линиски LCD екран. Вредностите се прикажуваат во првиот ред, а резултатите во долниот – прикажувајќи одговори со 10 цифри и експоненти со 2 цифри. Големината на знаците на примарниот приказ изнесува 9,6 x 3,96mm, овозможувајќи едноставно и прецизно отчитување на резултатите со еден поглед.

  • 250 обемни функции и одлики

    Интелигентен во секој поглед, овој научен калкулатор се одликува со сите неопходни функции кои им се потребни на студентите во изучување на математиката и науката, вклучувајќи општа математика, тригонометрија, статистика, физика и градежништво. За решавање на напредните проблеми, F-715SG нуди вкупно 250 функции и одлики. Тој нуди можност за зачувување во меморија и повикување на 17 пресметки, при што корисниците можат да истражуваат различни пристапи и концепти. Покрај тоа, внатрешните пресметки можат да се вршат со користење на 16 цифри, а со тоа да се добијат и поточни резултати.

  • Делумно изработен со рециклирани материјали од Canon

    F-715SG истовремено претставува практично и оддржливо решение. Тоа се должи на употребата на рециклирани пластични материјали од страна на Canon за изработка на долниот дел од куќиштето и тврдото куќиште. Втора шанса за рециклираните ресурси.

  • Сигурен двоен извор на напојување

    Овој научен калкулатор работи и на соларна енергија и на заменлива батерија, при што нуди континуирана сигурност и обезбедува двојна потврда при оценување на испитите. Користете ја можноста за соларно напојување кое заштедува енергија кога условите на осветлување го дозволуваат тоа, а кога ќе биде потребно префрлете се на резервната батерија. F-715SG прикажува и напредно предупредување за да посочи дека батеријата е при крај. Доколку не се користи или допира 7 минути, функцијата за "автоматско исклучување" го исклучува калкулаторот и дополнително ги зачувува ресурсите на батеријата.

  • Три интелигентни различни бои

    Практичен и стилски, F-715SG е достапен во црна или две варијанти на бела боја, со избор од магента или сина боја на копчињата со стрелки и тврдото куќиште. Со тежина од 124 грама, лесно можете да го пренесувате. Тврдиот капак на лизгање ги заштитува тастатурата и екранот од секојдневните удари и паѓања.