За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Мини ДВ > XL2

Canon XL2
Мини ДВ

XL2

Со 3x 1/3” 800k CCD/а, со прогресивно скенирање и со целосна рачна контрола врз сите нагодувања за сликата, XL2 го преставува најсовременото за флексибилна miniDV со квалитет за емитување.

Карактеристики

  • CCD-а 3x 1/3” 800.000 пиксели
  • 50i и 25p однос на кадар
  • Целосна рачна контрола на слика
  • Про квалитет 16:9
  • XL систем на изменливи објективи
  • Објектив со 20x зумирање
  • Оптичка стабилизација на слика
  • 4-канално аудио, XLR влез, BNC излез
  • SMPTE временска шифра
  • Поврзување IEEE1394 PC
Квалитет на емитување со целосна креативна контрола



Избор на професионалците
Со 3x 1/3” 800k CCD-а со прогресивно скенирање, квалитетот за емитување на XL2 е водечки во палетата на Canon, поставувајќи го стандардот за разновидно, професионално дигитално видео, со мала тежина. Револуционизирајќи ја својата класа, XL2 дава целосна рачна контрола над мноштво варијабли, овозможувајќи ги сите фини регулирања, потребни за се задоволат дури и професионалните видеографи со најголеми барања.

Поддржани се и форматот 16:9 (960 x 576 ефективни пиксели) и 4:3 форматот (720 x 576 ефективни пиксели). LSI за обработка на сигнал, од 3-та генерација, испорачува извонредни перформанси на односот сигнал/шум, со висока чувствителност и ниско разлевање.

Чувство на кино
Текстура, тон и израз, како на филм, сега се рутина, со помош на снимање 25p и специјален режим Cine Look. Контролите на гама-кривата вклучуваат регулирање за да се скроти губењето на податоците во светлите подрачја, а контролите за Црно ги истакнуваат или ги потиснуваат деталите во подрачјата слаба осветленост. Опцијата Colour matrix може да се избира од Video и од Cinema, додека опцијата V Detail овозможува флексибилна резолуција во вертикална насока. Опцијата Skin Detail овозможува контрола над фазата и хромата за постигнување помеки, потопли тонови на кожата. Рачната контрола е овозможена преку Master RGB (матична црвена, зелена, сина), Setup level (ниво на нагодување), Master Pedestal (матично подножје), Gain (засилување), Coring (намалување на шумовите кај дводимензионални видео-слики), Sharpness (острина), Noise Reduction (намалување на шумовите), Colour Gain (засилување на боја) и Hue (нијанса).

Контрола
Две кориснички копчиња го повикуваат секое избрано рачно нагодување, во рамките на 8 главни функции на менито. Омилените нагодувања може да се меморираат во три кориснички нагодувања. Независната контрола е обезбедена преку R Gain (засилување црвена), G Gain (засилување зелена) и B Gain (засилување сина). Балансот на белата боја може да се нагоди на вистинска бела или да се регулира рачно.

Објектив
Флуоритните и асферичните елементи во објективот со 20x зумирање ги елиминираат и хроматските и сферичните аберации. Циркуларниот ирис обезбедува убаво замаглување на позадината, а вградените филтри за неутрална густина (ND) овозможуваат целосно отворање на ирисот при лоша осветленост. XL системот за монтажа е компатибилен со сите XL видео објективи и со преку 60 Canon EF објективи, преку изборен адаптер.

Одете мирно
Оптичката стабилизација на сликата (OIS) го елиминира несаканото тресење на камерата, пред сликата да стигне до сензорот. SuperRange OIS го проширува IS со испитување на сликата откако ќе ја прими сензорот и со потиснување на движењата со ниска фреквенција.

Синхронизирано
Поддржани се двете SMPTE временски шифри, Rec Run и Free Run. Обезбедени се 2 вградени XLR џекови со фантомско напојување и BNC џек за излез за монитор. Конекцијата IEEE1394 овозможува директно снимање на цврст диск.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Софтвер & драјвери
Сродни производи
Камкордери со висока резолуција
ДВД Дигитални камкордери
Камкордери со флеш меморија
Проектори XEED
Проектори LV
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба