no consumer

LEGRIA за креативни автопортрети

Вашата публика ве очекува - прикажете ја вашата креативност во Full HD со нова перспектива. Серијата на мини видео камери нуди уникатен, компактен и неверојатно пренослив дизајн - со извонредно широкоаголен објектив, LCD екран со променлив агол и вграден држач - кој ви овозможува лесно да влезете во кадарот и да доловите повеќе од вашето опкружување. Вградениот Wi-Fi ви овозможува едноставно споделување, проследување, контролирање и далечинско следење на вашите креации, а извонредниот звук придонесува тие да звучат подеднакво добро како што изгледаат.

LEGRIA-mini-Angle

LEGRIA mini

  • Објектив со извонредно широк агол од 170°
  • LCD екран со променлив агол; вграден држач
  • Стерео микрофон
  • Wi-Fi: едноставно споделување

LEGRIA mini X

LEGRIA mini X

  • Објектив со извонредно широк агол од 170°
  • LCD екран со променлив агол; вграден држач
  • Голем стерео микрофон; Linear PCM
  • Wi-Fi: далечинско набљудување и едноставно споделување

Влезете во кадарот

Бидете дел од вашите видео снимки. Снимајте автопортрети на едноставен начин од кој било агол и доловете повеќе од вашето опкружување со помош на извонредно широкоаголниот објектив и иновативниот екран на допир со променлив агол - завртете го нанадвор и ќе можете да се видите себеси на LCD екранот.

Благодарение на уникатниот вграден држач, нема да ви биде потребен статив и ќе можете лесно да ја вртите вашата LEGRIA за да ја надополните вашата креативност со различни перспективи.

Со серијата LEGRIA mini можете да снимате и прекрасни фотографии со голема резолуција и мал шум, благодарение на HS системот од Canon. Со аголот на гледање од 170° и опциите за постандардни снимки одблиску и снимање со забрзан ефект, ќе можете уште подобро да ја изразите вашата креативност.

Frame yourself
Broadcast yourself

Емитувајте се себеси

Емитувајте ја вашата креативност надалеку со помош на вградениот Wi-Fi. Можете да ги вчитувате вашите видео материјали на социјалните мрежи како YouTube и Facebook и да ги гледате вашите содржини безжично на вашиот паметен уред или HD телевизор.

Контролирајте ја вашата LEGRIA далечински и уживајте во голем избор на опции за проследување во живо и за споделување, со користење на паметен телефон или таблет уред.

Со LEGRIA mini X можете дури и далечински да набљудувате што се случува во домот кога не сте во него.

Прекрасен звук

Снимајте видео снимки кои звучат подеднакво добро како што изгледаат.

Снимајте звук со беспрекорен CD квалитет со LEGRIA mini X, која се одликува со голем стерео микрофон - со голем сооднос помеѓу сигналот и шумот и широк динамички опсег - снимање на некомпресиран linear PCM и рачна контрола.

LEGRIA mini овозможува врвно и едноставно снимање на звук бидејќи се одликува со висококвалитетен стерео микрофон и функција за избирање на аудио сцена - само изберете една од 5-те сцени и подесувањата на звукот ќе се прилагодат автоматски.

Immersive Audio