Двојна флеш меморија Двојната флеш меморија нуди 32GB внатрешна меморија – тоа е доволно за преку 12 часа Full HD видео – а можно е и снимање на отстранливи SDHC картички за дополнителен капацитет.
Canon HD камера систем Canon HD камера системот нуди комбинација на 3.3MP Full HD CMOS сензор, Canon HD видео објектив со 15x оптички зум и DIGIC DV III процесор за добивање на врвни Full HD видео снимки. При поставеност за највисок квалитет, видео содржините се снимаат со 24Mbps.
Одлични видео снимки на едноставен начин Снимањето на HD е едноставно. Моменталниот AF врши брзо изострување на фокусот, додека OIS со супер опсег ќе го спречи уништувањето на снимките заради тресењето на камерата. Овозможена од моќниот DIGIC DV III процесор, технологијата за откривање на лице врши оптимизација на параметрите за добивање на совршени снимки со луѓе – за до 35 ликови во еден кадар.
Големина за во џеб LEGRIA HF20 е компактна и лесна – со само 340g, таа е совршена за да можете да ја носите насекаде со вас.
Едноставна монтажа на снимките Режимот на куси видео записи го олеснува креирањето на видео снимки кои потоа ќе можете да ги споделите. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на видео запис од 4 секунди. Едноставно додадете ги видео записите во листа за репродукција, изберете музичка тема и веќе сте подготвени да ја погледнете вашата снимка на телевизор – без потреба од уредување. На камерата се вчитани пет музички теми со ослободени авторски права: но вие исто така можете да додадете сопствена музика со помош на Music Transfer Utility софтверот.
Подготвени за снимање Со функцијата за брзо вклучување и Pre REC вие секогаш ќе бидете подготвени за снимање. По отворањето на LCD екранот од режимот на подготвеност вие ќе можете да започнете со снимање по околу една секунда. Pre REC функцијата врши континуирано складирање на 3 секунди видео додека е вклучена камерата: откако ќе го притиснете копчето за снимање, ќе бидат додадени и претходните 3 секунди.
Креативни опции LEGRIA HF20 нуди поддршка за проширениот простор на бои на x.v.Color. Доколку снимките се репродуцираат на компатибилен HD телевизор, боите ќе бидат длабоки и богати. Со 25p режимот на кино вашите снимки ќе добијат изглед на традиционалните филмови, со подобрување на квалитетот при слаба осветленост.
Фото опции Снимајте фотографии со висока резолуција од 3.3MP. Или пак, во режим на двојно снимање, снимајте фотографии од 2MP со истовремено снимање на видео и без менување на режимот – при што контролите ќе се постават на автоматско функционирање. Функцијата за фото секвенца генерира 25 фотографии од една секунда снимен материјал.
Одличен звук Снимајте извонреден звук преку влезот за микрофон и вршете мониторинг на нивоата преку приклучокот за слушалки. Рачните аудио контроли ви нудат уште повеќе опции.
Софтвер PIXELA™ софтверот стандардно се испорачува – тој е совршен за уредување и споделување на вашите снимки. Алтернативно, можете лесно да снимате DVD дискови со помош на DW-100 DVD снимач (може да се купи одделно).
|