Видеокамери

Canon LEGRIA HF G30

Водечката видео камера LEGRIA HF G30 е опремена со оптика со врвни спецификации, сензор и стабилизатор, како и можност за поврзување преку Wi-Fi, а сето тоа е сместено во компактно куќиште кое е идеално за ентузијасти кои сакаатда ја реализираат својата креативност со видео снимки со професионален квалитет.

Придобивки

  • Објектив со 20x зум, широк агол од 26,8mm, кружен отвор на блендата со 8 сечила

  • Контролирајте ги подесувањата далечински и споделувајте преку Wi-Fi

  • Истовремено снимање на AVCHD и MP4

  • HD CMOS PRO сензор и DIGIC DV 4 од Canon

  • Оптичка интелигентна стабилизација на слика

  • Целосна рачна контрола

  • Моментален AF; откривање на лице

  • OLED екран на допир од 8,8cm

Детални карактеристики

  • Објектив со 20x зум, широк агол од 26,8mm, отвор на блендата со 8 сечила

    Потполно новиот широкоаголен објектив од 26,8mm нуди најдобар квалитет на слика досега кај компактните видео камери, додека рамномерниот оптички зум до 20x ќе ве однесе поблиску до случувањата. Новиот кружен отвор на блендата со 8 сечила овозможува прекрасни ефекти за заматување на позадината.

  • Wi-Fi далечински управувач

    Уживајте во слободата за контролирање на вашата видео камера LEGRIA HF G30 кога таа е поставена подалеку од вашиот дофат. Контролирајте голем број подесувања безжично, вклучувајќи и брзина на блендата, фокус и експозиција, користејќи го веб-пребарувачот во вашиот паметен телефон или таблет уред.

  • Снимање во два формати

    Снимајте истовремено во два различни формати (AVCHD и MP4) или со различни бит стапки, користејќи ги двата отвори за SDXC картички и уживајте во двојно повеќе придобивки од снимениот материјал со професионален квалитет и снимениот материјал кој лесно може да се вчита на интернет. Снимајте брзи и бавни движења кога снимате во MP4 формат.

  • HD CMOS PRO сензор, DIGIC DV 4

    Со број на ефективни пиксели од приближно 2,91 мегапиксели, новиот HD CMOS PRO сензор, кој е дизајниран и произведен во компанијата Canon за нејзините професионални модели, обезбедува неверојатен квалитет на слика дури и при слаба осветленост, како и широк динамички опсег и реалистична репродукција на бои. Новиот моќен процесор на слика DIGIC DV 4 работи заедно со сензорот со цел да обезбедат слики со помал шум и повеќе длабочина.

  • Оптичка интелигентна стабилизација на слика

    Интелигентната стабилизација на слика го елиминира тресењето на камерата преку автоматско избирање на соодветна оптичка стабилизација на слика од понудените 4 режими за елиминирање на движењата и спречување на заматувањето. Напредниот динамички режим ги коригира движењата во вид на ротирање и закосување кои можат да настанат при одење, обезбедувајќи остри и стабилни видео снимки во секоја прилика.

  • Целосна рачна контрола

    Рачниот прстен на објективот овозможува интуитивна контрола на фокусот или зумот. Експозицијата, отворот на блендата, брзината на блендата и засилувањето можат независно да се подесуваат со помош на екранот на допир и прилагодливото контролно вртливо копче, кои ќе ви помогнат да ја ослободите вашата креативност.

  • Моментален AutoFocus, откривање на лице

    Моменталниот AF обезбедува брзо и прецизно фокусирање за HD квалитет со неверојатна острина. Функцијата за откривање на лице врши автоматска оптимизација на параметрите на камерата за добивање на снимки од луѓе со совршен фокус и експозиција.

  • OLED екран на допир од 8,8cm (3,5”) кој се преклопува и EVF со можност за закосување

    Органскиот електростатичен LED екран на допир со брз одзив и резолуција од 1,23 милиони точки нуди извонредно подобра резолуција, контраст и репродукција на бои во однос на LCD екраните. Електронскиот визир во боја од 0,61cm (0,24”) со 1,56 милиони пиксели може да се заврти до 45° и да ви овозможи дополнителна контрола, особено во услови со одлично осветлување

Спецификации

  • Full HD

  • Видео објектив за HD

  • Широкоаголен објектив

  • 20x оптички зум

  • Стабилни снимки во секоја прилика

  • Стабилно фотографирање во движење

  • Врвно фотографирање при слаба осветленост

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Wi-Fi далечински управувач и лесно споделување

  • Кружен отвор на бленда со 8 сечила

  • Снимање на AVCHD со 28Mbps

  • Снимање на MP4 со 35 Mbps

  • Совршен звук кој одговара на сцената

  • Професионален звук

  • Органски LED екран на допир од 8,8cm

  • Два отворa за SDXC картички

  • Моментален автоматски фокус

Што содржи кутијата

  • Canon LEGRIA HF G30

  • Lens hood with integrated lens barrier

  • Compact Power Adaptor CA-570

  • Wireless Controller WL-D89

  • Battery Pack BP-820

  • USB Cable

  • Stereo Video Cable

  • AC Cable

  • High Speed HDMI lead

  • User Manual Kit + Software