Професионални видео камери
Canon XA25
Извонредно компактна и професионална видео камера од основна класа со ненадминати перформанси
Извонредно компактна и професионална видео камера од основна класа со ненадминати перформанси
Видео камерата XA25 нуди комбинација од исклучителен квалитет на слика со снимање во два формати и HD-SDI излез во куќиште со компактни димензии, така што е идеална за професионално снимање на содржини за емитување и содржини за на интернет.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Објектив од 26,8mm со f/1,8-2,8, 20x зум и динамичка OIS
-
1/2,84” HD CMOS Pro
-
OLED екран на допир од 8,77cm (3,5”)
-
Снимање во два формати; DIGIC DV 4
-
HD-SDI излез
-
EVF со 1,56m точки, закосување до 45°
-
Забрзано/забавено движење
-
Вградена лампа со инфрацрвени зраци
-
2x XLR влезови
-
Вграден Wi-Fi
Детални карактеристики
-
Широкоаголен HD видео објектив со 20x зум од Canon
Снимајте повеќе од кога и да било, благодарение на новиот неверојатен широкоаголен објектив од 26,8mm на XA25. Зумирањето до 20x ве приближува до случувањата, а динамичката оптичка стабилизација на слика врши компензација за тресењето во 5 насоки со цел да ви обезбеди неверојатно стабилни слики. Максималната решетка од f/1,8, ирисот со 8 сечила и технологијата EDM овозможуваат прекрасни ефекти на заматување.
-
1/2,84” HD CMOS Pro сензор
Со број на ефективни пиксели од приближно 2,91 мегапиксели, новиот HD CMOS сензор од Canon обезбедува неверојатен квалитет на слика – дури и при слаба осветленост – како и исклучителен динамичен опсег и реалистична репродукција на бои.
-
OLED екран на допир од 8,77cm (3,5”) и EVF со можност за закосување
И покрај неговата компактна големина, XA25 овозможува висококвалитетно набљудување. OLED екранот на допир со резолуција од 1,23 милиони точки нуди подобро време на одзив, дефиниција, контраст и репродукција на бои во однос на еквивалентните LCD екрани. Електронскиот визир од 0,61cm (0,24”) и резолуција од 1,56 милиони точки може да се заврти до 45° за да овозможи снимање од различни позиции.
-
Снимање во два формати
Процесорот DIGIC DV 4 од новата генерација ги зголемува вашите опции. Можете да снимате AVCHD видео со брзина до 28Mbps и 1080/50P формат, а достапен е и режим за снимање на MP4 со брзина од 35Mbps и 1080/50P формат кој нуди максимален квалитет. Присуството на два отвора за SDXC/SDHC мемориска картичка овозможува истовремено снимање¹ на висококвалитетни HD фајлови и MP4 фајлови со помала резолуција кои овозможуваат полесен пренос на фајлови – идеално за брзо префрлување на снимениот материјал. Опциите за снимање на забрзани и забавени видео снимки се достапни во режимот за снимање на MP4.
-
Професионален звук и поврзување
Двата XLR приклучоци претставуваат професионални аудио влезови, кои поддржуваат снимање на висококвалитетен Linear PCM² формат. HD-SDI приклучокот, кој е лесно достапен, овозможува поврзување со индустриски стандардна опрема за емитување како што се системите за сателитски преноси.
-
Снимање со инфрацрвени зраци
Благодарение на изворот на инфрацрвена светлина кој е вграден во рачката, оваа камера може лесно да се користи за време на ноќта или во услови со слаба амбиентална светлина – идеално за снимателите на животот во дивината.
-
Вграден Wi-Fi, компатибилност со GPS
Префрлувајте го снимениот материјал безжично со помош на телефон или таблет уред со iOS или, пак, преку FTP со брзина до 150 Mbps³. Контролирајте ги функциите на камерата преку уреди кои поддржуваат Wi-Fi – не се потребни дополнителни апликации. Можете да снимате податоци за локација со помош на изборен дополнителен GPS уред.
-
Компактно и лесно куќиште
Оваа дискретна камера е идеална за снимање во затемнети или затворени опкружувања, а нејзиното лесно куќиште го намалува заморот при рачно снимање во долги временски периоди.¹Истовременото снимање не е достапно во режим на снимање со 1080/50P²Аудио форматот Linear PCM е достапен само во режим на снимање на AVCHD формат со 28Mbps³За пренос на фајлови преку FTP е потребна пристапна точка за безжичен интернет
Спецификации
-
Full HD
-
Видео објектив за HD
-
Широкоаголен објектив
-
20x оптички зум
-
Стабилни снимки во секоја прилика
-
Стабилно фотографирање во движење
-
Врвно фотографирање при слаба осветленост
-
Моќна обработка со DIGIC
-
Wi-Fi далечински управувач и лесно споделување
-
Кружен отвор на бленда со 8 сечила
-
Снимање на AVCHD со 28Mbps
-
Снимање на MP4 со 35 Mbps
-
Совршен звук кој одговара на сцената
-
Професионален звук
-
Органски LED екран на допир од 8,8cm
-
Два отворa за SDXC картички
-
Моментален автоматски фокус
Што содржи кутијата
-
XA25 HD видео камера
-
Сенило на објектив со вградено капаче за објектив
-
Софтвер
-
Далечинска контрола
-
Држач за микрофон
-
Горна рачка
-
Батерија BP-820
-
Кабел за напојување со енергија
-
Адаптер за напојување со енергија/полнач за батерии
-
HDMI кабел
-
USB кабел
-
AV кабел