Професионални видео камери

Canon XA35

Компактна, достапна и разновидна професионална HD видео камера - идеална за дискретно прибирање новости.

Придобивки

  • Широкоаголен објектив од 26,8mm¹ со f/1.8-2.8, 20x зум, интелигентната оптичка стабилизација на слика со 5 оски и динамичка стабилизација на слика

  • HD CMOS Pro сензор од 1/2,84” со зголемена чувствителност за подобри перформанси при слаба осветленост и помал шум

  • Режимот со широк динамички опсег (600%) и режимот за приоритет на осветлени делови² ги задржуваат деталите во осветлените делови/деловите со сенки за да добиете поприродна слика

  • HD/SD-SDI излез кој е идеален за професионални опкружувања за преноси

  • Снимање во два формати: Full HD AVCHD (28Mbps) или MP4 (35Mbps) на 2 x SD картички

  • Отстранлива рачка со професионални XLR влезови и вградена IR лампа

  • OLED екран на допир од 8,77cm (3,5”) за одлична резолуција, контраст и репродукција на бои

  • EVF со 1,56 милиони точки и закосување од 45° за флексибилно снимање

  • Забрзани и забавени видеоснимки (x2 до x1200) со снимање во интервали во режим за MP4

  • Вграден WiFi со два фреквентни појаса за далечинска контрола, пренос/вчитување фајлови и преглед во вид на пребарувач

Детални карактеристики

  • Широкоаголен HD видео објектив со 20x зум од Canon

    Снимајте содржини со извонреден квалитет благодарение на неверојатниот широкоаголен објектив од 26,8mm¹ на XA35 кој нуди разновидни опции. Зумирањето до 20x ве доближува до случувањата, а динамичката оптичка стабилизација на слика врши компензација за тресењето во 5 насоки со цел да ви обезбеди неверојатно стабилни слики. Максималната решетка од f/1,8, ирисот со 8 сечила и технологијата EDM овозможуваат прекрасни ефекти на заматување.

  • Подобрен HD CMOS Pro сензор од 1/2,84”

    Новосоздадениот HD CMOS Pro сензор од Canon нуди приближно 2,91 ефективни мегапиксели за да обезбеди слика со неверојатен Full HD квалитет. Благодарение на зголемената чувствителност и подобрениот сооднос помеѓу сигналот и шумот, сликите снимени при слаба осветленост изгледаат почисти и имаат помал шум.

  • Нови флексибилни поставки за слики

    Две нови поставки за слики кои ќе ви помогнат да добиете уште подобри резултати. Режимот со широк динамички опсег ви нуди 600% поголем динамички опсег, што резултира со светли слики со голем контраст кои ги задржуваат деталите во површините со осветлени делови и сенки, без потреба од обработка по снимањето. Режимот за приоритет на осветлени делови ги репродуцира снимените материјали со поприродни тонови, побогати бои и детали, особено во делови со голема светлина² - совршено за сцени со осветлено небо и рефлективни површини.

  • OLED екран на допир од 8,77cm (3,5”) и EVF со можност за закосување

    И покрај неговата компактна големина, XA35 овозможува висококвалитетно набљудување. Практичниот OLED екран на допир со резолуција од 1,23 милиони точки нуди пократко време на одзив и извонредна резолуција, контраст и репродукција на бои во споредба со еквивалентните LCD екрани. Електронскиот визир од 0,61cm (0,24”) и резолуција од 1,56 милиони точки може да се заврти до 45° - овозможувајќи снимање од различни позиции на едноставен начин.

  • Снимање во два формати со разновидни опции

    Можете да снимате AVCHD видео со брзина до 28Mbps со 1080/50P, а за максимален квалитет изберете режим за снимање на MP4 со брзина од 35Mbps со 1080/50P. Двата отвора за SDXC/SDHC мемориска картичка овозможуваат истовремено снимање³ на висококвалитетни HD фајлови и MP4 фајлови со помала резолуција кои овозможуваат полесен пренос на фајлови – идеално за брзо префрлување на снимениот материјал. Опциите за снимање на забрзани и забавени видеоснимки со интервали на снимање (x2 до x1200) се достапни во режимите за MP4.

  • Професионален звук и поврзување преку HD/SD-SDI

    HD/SD-SDI приклучокот, кој е лесно достапен, овозможува поврзување со индустриски стандардна опрема за емитување како што се системите за сателитски преноси. Двата XLR приклучоци претставуваат професионални аудио влезови, кои поддржуваат снимање на висококвалитетен Linear PCM формат.⁴

  • Снимање со инфрацрвени зраци

    XA35 може лесно да се користи за време на ноќта или во услови со слаба амбиентална светлина благодарение на зголемената чувствителност на сензорот и моќниот извор на инфрацрвена светлина вграден во рачката – поради што е идеална за снимателите на животот во дивината.

  • Вграден Wi-Fi, можност за надградба со GPS

    Префрлувајте го снимениот материјал безжично со помош на телефон или таблет-уред со iOS или, пак, преку FTP со брзина до 150 Mbps⁵. Контролирајте ги функциите на камерата преку уреди кои поддржуваат Wi-Fi за кои не се потребни посебни апликации. Можете да снимате податоци за локација со помош на изборен дополнителен GPS уред.

  • Компактно и лесно куќиште

    Благодарение на нејзината отстранлива рачка, оваа дискретна и пренослива камера е идеална за снимање во затемнети или затворени опкружувања. Нејзиното лесно куќиште го намалува заморот при рачно снимање во долги временски периоди.¹ Еквивалент од 35mm² Поставките за светлина на екранот можеби ќе треба да се зголемат³ Истовременото снимање не е достапно во режим на снимање со 1080/50P⁴ Аудио форматот Linear PCM е достапен само во режим на снимање на AVCHD формат со 28Mbps⁵ За пренос на фајлови преку FTP е потребна пристапна точка за безжичен интернет

Спецификации

  • Full HD

  • Видео објектив за HD

  • Широкоаголен објектив

  • 20x оптички зум

  • Стабилни снимки во секоја прилика

  • Стабилно фотографирање во движење

  • Врвно фотографирање при слаба осветленост

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Снимање детали и во осветлени површини и во сенки

  • Приоритизирај детали во осветлени површини

  • Креативно снимање со забрзан ефект

  • Wi-Fi далечински управувач и лесно споделување

  • Кружен отвор на бленда со 8 сечила

  • Снимање на AVCHD со 28Mbps

  • Снимање на MP4 со 35 Mbps

  • Професионален звук

  • Органски LED екран на допир од 8,8cm

  • Два отворa за SDXC картички

  • Моментален автоматски фокус