Компактна креативност: уникатно решение за 4K и фотографии

Креативната и разновидна камера XC10, која снима неверојатни 4K/Full HD 4:2:2 видеоснимки и висококвалитетни фотографии од 12MP, е компактна, лесна и практична за користење и се одликува со објектив со 10x зум, оптичка стабилизација на сликата и WiFi далечински управувач.

0%

    Снимајте неверојатни 4K и FullHD видеоснимки

    Снимајте неверојатни 4K и FullHD видеоснимки

    снимајте и гледајте

    Снимајте врвни слики со висока резолуција и мал шум

    Големиот CMOS сензор на XC10 од 1,0 инч од Canon е оптимизиран да обезбеди слики со висока резолуција, голема чувствителност и мал шум и при снимање и при фотографирање. Малата длабочина на полето го зголемува вашиот избор на креативни опции.

    Целосна контрола

    снимајте и гледајте

    Снимајте 4K видеоснимки со 305Mbps/4:2:2

    Уживајте во обемна палета на креативни опции за висококвалитетно снимање со кодекот XF-AVC H.264 кој има разновидна примена. Снимајте неверојатни 4K видеоснимки со најмногу 305Mbps/4:2:2/8 бита, за едноставна интеграција во постоечките 4K работни процеси или снимајте висококвалитетни и долготрајни Full HD видеоснимки со 50Mbps/4:2:2/8 бита.

    Напредна обработка на Full HD слики

    Обработката со прекумерно семплирање во HD претставува напреден алгоритам за обработка на слики кој ефикасно ја искористува огромната моќ за снимање 4K слики при снимање Full HD видео. Камерата снима 4K слика, RGB каналите се делат на три посебни 4K сигнали со 8 мегапиксели, а потоа резолуцијата на 4K RGB сигналите се намалува во Full HD (1920x1080). На овој начин се подобрува резолуцијата што ја гледате и ќе можете да снимите значително појасна Full HD слика.

    image_processing

    Динамички опсег со 12 чекори со функцијата Canon Log Gamma

    За да добиете максимална слобода при обработката по снимањето, вградената функција Canon Log Gamma го доловува максималниот опсег на тонови и овозможува максимум 12 чекори за динамичкиот опсег. Зголемувањето на динамичкиот опсег во 12 чекори ви овозможува да ги снимите најсветлите тонови и деталите во сенките, а со тоа да го зголемите и опсегот на градации на боите.

    hdr hdr

    НИЈАНСИРАЊЕ НА БОЈА

    Попрецизно снимање на подвижните објекти

    Благодарение на процесорот DIGIC DV5 од Canon, XC10 нуди значително поголема моќ за обработка од неговиот претходник, овозможува снимање на 4K видеоснимки со висока бит-стапка и нуди поддршка за Canon Log Gamma и многу други важни функции на камерата.

    digic

    Разновидни опции и флексибилност за максимална креативност

    4k

    Фотографии со висока резолуција и снимање 4K видео записи

    Доловувајте прекрасни фотографии со висока резолуција од 12 мегапиксели на едноставен начин и одлучете како ќе изгледаат и како ќе се снимаат со избирање на една од многубројните функции за различен изглед и прилагодување. Исто така, можете да ги извлечете и зачувате најдобрите кадри од 4K видеоснимките со снимање фотографии од 8,29 мегапиксели.

    Опфатете ги сите агли: разновидни опции за монтирање и снимање

    Благодарение на компактното куќиште, XC10 овозможува лесно монтирање во мали, високи и оддалечени места. Со тежина од само 930g (само куќиште), камерата е идеална за употреба со дронови (за снимање висококвалитетни 4K видеоснимки од голема височина) или со лесни додатоци за на рамо.

    angles

    Вграден IS објектив со 10x зум за оптимизирано снимање во 4K

    XC10 е опремена со вграден објектив со 10x оптички зум – 27,3-273mm f/2.8-5.6 (еквивалент од 35mm, 25-250mm во режим на фотографии) – кој е оптимизиран за снимање во 4K. Објективот располага со посебни прстени за рачна контрола за избирање на фокусот и зумот и се одликува со комбиниран систем за оптичка и електронска стабилизација на сликата со цел да обезбеди јасни и стабилни слики при рачно фотографирање или при снимање во движење (електронската стабилизација на сликата не е достапна за сите режими за фотографирање).

    lens

    lens

    light

    Врвни перформанси при секакви услови на осветлување

    Снимајте видеоснимки со мал шум во секаков вид на тешки ситуации за снимање, благодарение на високата вредност на ISO до 20.000 која овозможува зголемена чувствителност и одлични перформанси при слаба осветленост. Вградениот ND филтер дополнително ја подобрува контролата на експозицијата при силна светлина или кога треба да се користи поширока решетка.

    Режими за снимање забавени и забрзани видеоснимки

    Зголемете ги вашите креативни опции со висококвалитетно забавено снимање со брзина од 1/4 (HD видеоснимки) или снимајте забрзани движења со максимална брзина од 1200x (за 4K видеоснимки).

    workflow

    Решенија за практични и брзи работни процеси

    Снимајте 4K и Full HD видеоснимки или фотографии од 12MP

    Снимајте 4K снимки со неверојатно висока бит-стапка на внатрешна CFast 2.0™ мемориска картичка користејќи ги придобивките од стандардната VPG130, која гарантира постојана брзина на запишување од најмалку 130Mbps*. Full HD видеоснимките и сликите од 12 мегапиксели може да се снимаат на посебна SD мемориска картичка. Искористете ја огромната моќ за снимање 4K слики од Full HD видео записи, со поголем квалитет и значително појасни резултати, благодарение на обработката со прекумерно семплирање во HD.

    • Canon е овластен сопственик на лиценцата за заштитниот знак CFast 2.0™, кој може да биде регистриран во различни судски надлежности.
    * Можно е да биде потребно ажурирање на фирмверот. Повеќе…

    workflow

    Компактен и ергономски дизајн за лесно снимање

    Компактната, лесната и ергономски дизајнираната XC10 се одликува со ротирачки држач за рака и голем LCD екран со променлив агол за да можете да снимате од многу различни агли на едноставен начин. Висококвалитетниот капацитивен екран на допир овозможува лесен пристап и контрола на режимите за снимање и менијата. За поудобно снимање на ниво на очите или за снимање при силна светлина, се испорачува со визир.

    workflow

    workflow

    Нов XF-AVC формат за едноставна интеграција

    Новосоздадениот XF-AVC формат од Canon кој нуди разновидни опции и поддршка за 4K го користи ефикасниот кодек H.264 и лесно се интегрира во постоечките работни процеси, поради што дополнително ја зголемува ефикасноста на обработката по снимањето.

    workflow

    Wi-Fi далечински управувач

    Вградениот Wi-Fi кај XC10 ви овозможува да ја контролирате камерата далечински преку веб-пребарувач, паметен телефон или таблет-уред - тоа е идеално кога снимате со дрон или кога камерите се поставени на незгодни места.

    05

    XC10 Ratings and Reviews

    Спецификации

    4K

    Full HD

    DIGIC 6

    • Canon е овластен сопственик на лиценцата за заштитниот знак CFast 2.0™, кој може да биде регистриран во различни судски надлежности.
    Што содржи кутијата

    Препорачано за вас