Каде и да ве одведе животот, нека секоја слика биде PowerShot.
Едноставно означете до 3 полиња со производи за да ги видите производите паралелно споредени.
PowerShot G1 X ново
Нудејќи комбинација од CMOS сензор со 14,3 MP од Canon, DIGIC 5 процесор и исклучителен објектив со зум од 4x, PowerShot G1 X ви нуди SLR ниво на контрола и квалитет на слика сместени во компактно куќиште за фотоапарати.
PowerShot G12
PowerShot G12 нуди исклучителни слики благодарение на HS системот и врвниот широкоаголен објектив од Canon. Целосно рачен режим, RAW, предно вртливо копче и изборен адаптер за филтерот на објективот кои овозможуваат професионално ниво на контрола.
PowerShot S100
PowerShot S100 ги користи технологијата и искуството на Canon за EOS сензорите и најновиот DIGIC 5 процесор за добивање на исклучителна слика дури и при слаба осветленост. Со f/2,0 објектив, RAW и GPS, ова е навистина експертски компактен апарат кој ќе ви остави впечаток.
PowerShot SX40 HS
Приближете се со PowerShot SX40 HS. Благодарение на ултра широкиот оптички зум од 35x, одличните резултати при слаба осветленост на HS системот, Full HD снимањето и фотографирањето со голема брзина, ова е навистина моќен апарат за оние кои сакаат да имаат сè.
PowerShot SX1 IS
Со 10,0 MP Canon-ов CMOS сензор и со 20x зумирање со широк агол за неверојатна длабочина, PowerShot SX1 IS нуди континуирано сликање до 4fps. Заменете ги фотографиите со видеа со полна HD.
PowerShot SX230 HS
PowerShot SX230 HS, кој се одликува со HS систем, широкоаголен објектив од 28mm со 14x оптички зум и Full HD видео снимки, овозможува снимање на одлични слики насекаде. GPS уредот ги означува вашите снимки и води евиденција за вашите патувања, правејќи го најдобар придружник при патувањата.
PowerShot SX220 HS
Одликувајќи се со HS систем за неверојатни слики во секоја ситуација, широкоаголен објектив со 14x оптички зум и и Full HD видео снимки, PowerShot SX220 HS претставува моќна комбинација од врвен квалитет на слика и флексибилност.
PowerShot SX150 IS
PowerShot SX150 IS им овозможува на сите да снимаат прекрасни фотографии со 14,1 мегапиксели и HD видео снимки со оптички зум од 12x. Од интелигентен автоматски режим до целосна рачна контрола, можете едноставно да го прилагодите на секое ниво на вештина.
PowerShot SX130 IS
PowerShot SX130 IS нуди одлична вредност, фотографирање со моќен зум од 12x и 12,1 мегапиксели. Снимете врвни фотографии и HD видео снимки со интелигентниот автоматски режим и едноставниот режим или станете креативни со целосната рачна контрола.
PowerShot D10
Водоотпорен и издржлив при удари и потреси, PowerShot D10 ќе ги дополни вашите надворешни активности со квалитет на сликата од 12,1 мегапиксели. Ослободете ги рацете, задржувајќи ја достапноста на апаратот со помош на изборот дополнителна опрема.
PowerShot A3300 IS
Вграден во елегантно метално куќиште, PowerShot A3300 IS снима сè со 16 мегапиксели и неверојатни детали. Динамичкиот стабилизатор на слика обезбедува HD видео снимки кои се остри и стабилни.
PowerShot A3200 IS
Благодарение на динамичкиот стабилизатор на слика и групата импресивни функции, PowerShot A3200 IS со своето метално куќиште лесно снима прекрасни фотографии и HD видео снимки.
PowerShot A3100 IS
Интелигентниот и компактен PowerShot A3100 IS го вметнува квалитетот на слика од Canon во тенко и лесно куќиште за да го направи снимањето многу едноставно – само насочете и фотографирајте.
PowerShot A2200
Одликувајќи се со тенок и лесен дизајн, можете секогаш да го носите PowerShot A2200 со вас. Благодарение на интелигентниот автоматски режим и едноставниот режим, одличните слики се само едно кликнување до вас.
PowerShot A1200
Разновидниот PowerShot A1200 го прави снимањето фотографии со Canon квалитет лесно и забавно. Благодарение на оптичкиот визир, широкоаголното зумирање од 4x, HD видео снимките и интелигентниот режим, тој е совршен за доловување на најдобрите моменти од животот.
PowerShot A800
Потпрете се на технологијата и искуството на Canon и снимете одлични фотографии од 10 мегапиксели со интелигентниот автоматски режим. Достапен во 4 бои, PowerShot A800 се одликува со лесен дизајн кој е забавен и едноставен за користење
PowerShot A495
Достапен, лесен и забавен, PowerShot A495 ги користи технологијата и искуството на Canon за да им овозможи снимање на прекрасни фотографии од 10 мегапиксели на сите корисници. Достапен во 3 бои, тој се одликува со компактен лесен дизајн за практично сместување во вашиот џеб.
Испечати ја оваа страница