Елегантен IXUS дизајн Дизајниран за да ги привлече погледите на луѓето околу вас, Digital IXUS 990 IS се одликува со прекрасен елегантен изглед и завршница со привлечна комбинација од два тонови на боја.
12 мегапиксели Резолуцијата од 12 MP ви овозможува да ги печатите сликите со димензии на постери, или да вршите креативно отсекување за да добиете совршени резултати.
Моќно зумирање Уживајте во бројните опции за обликување на кадарот и приближете се до оддалечените објекти со помош на оптичкиот зум од 5,0x. Оптичката стабилизација на сликата од Canon овозможува добивање на незаматени резултати низ целиот опсег на зумирање.
Технологија за откривање на сцената за полесно користење Интелигентниот автоматски режим ја користи технологијата за откривање на сцената за одредување на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и општите нијанси. Фотоапаратот потоа ги споредува неверојатните 18 можни режими, и го избира оној кој нуди совршени параметри за сцената.
Обработка со голема брзина DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува брза обработка, одличен одзив и врвен квалитет на сликата и боите. Деталната и појасна слика, дури и при високи ISO брзини, е резултат на напредното намалување на шум.
Спречување на заматеноста Digital IXUS 990 IS ја намалува заматеноста со помош на технологијата за откривање на движење. Во интелигентниот автоматски режим се активираат повеќе технологии за откривање на движењето на фотоапаратот и објектот. Притоа автоматски се поставуваат оптималните ISO вредности за секаква ситуација.
Технологија за откривање лице Групата технологии за откривање лице нуди детекција на до 35 ликови во една снимка, вршејќи прилагодување на фокусот, експозицијата, блицот и балансот на белата боја - за добивање на оптимални резултати со природен изглед на кожата. Со откривањето на трепнувањето се избегнуваат неуспешните фотографии снимени во непогодните моменти. Тајмерот за снимателот го олеснува снимањето на групни фотографии, при што снимањето се врши кога ќе се детектира ново лице во кадарот.
3,0” PureColor LCD II екран За детално прегледување и обликување на снимките и лесна навигација низ менијата, Digital IXUS 990 IS располага со 3,0” PureColor LCD II екран. Опционалните совети на екранот ќе ви помогнат да извлечете максимум од секоја функција. Активниот екран ви нуди одличен начин за прегледување на сликите преку активирање со движење.
i-Contrast i-Contrast функцијата на Canon нуди подобрен контраст и одлични детали во услови на слабо осветлување.
Режим на зумирање за заматување Специјалниот режим на зумирање за заматување врши физичко зумирање за време на снимањето, при што кај сликата се добива динамички ефект на движење.
HD видео снимки Креирајте висококвалитетни видео снимки во High Definition резолуција (1280x720, 30fps), потоа поврзете го опционалниот HDMI кабел за репродукција на HD телевизор со широк екран.
|