Најтенкиот широкоаголен IXUS досега. 12,1 MP Digital IXUS 120 IS во себе крие 28mm широкоаголен објектив, 4x оптички зум со оптичка стабилизација на сликата и 2,7-инчен PureColor LCD II екран во стилско метално тело.
|
- Најтенкиот широкоаголен IXUS досега во 4 бои
- Широкоаголен 4,0x зум со оптичка стабилизација
- 12,1 MP CCD
- Интелигентен автоматски режим
- 2,7” PureColor LCD II екран
- DIGIC 4
- Откривање лице, тајмер за снимател и автоматска корекција на ефектот ''црвени очи''
- Автоматски ISO режим, откривање на движење и стабилизација на слика
- i-Contrast
- 720p HD видео снимки со звук
|
Најтенкиот широкоаголен IXUS досега во 4 бои Тенок и дискретен, со дебелина од само 20mm, елегантниот Digital IXUS 120 IS може лесно да се смести во џеб или рачна торба. Апаратот е достапен во избор од четири различни бои – сребрена, црна, сина или кафеава – така што постои Digital IXUS 120 IS за вклопување во сечиј стил.
Широкоаголен 4,0x зум со оптичка стабилизација Широкоаголниот објектив и оптичкиот зум од 4,0x кај Digital IXUS 120 IS прават тој да биде навистина практичен апарат, идеален за фотографирање пејзажи и портрети одблиску. Оптичката стабилизација на сликата обезбедува незаматеност на снимките низ целиот опсег на зумирање.
12.1 MP CCD CCD сензорот со 12,1 мегапиксели кај Digital IXUS 120 IS ви овозможува снимање на секоја сцена со фини детали. Печатете ги сликите со димензии на постери, или вршете креативно отсекување без да ги загубите деталите.
Интелигентен автоматски режим Интелигентниот автоматски режим со технологијата за откривање на сцена врши анализа на сцената која се фотографира и ги одредува потребните параметри за добивање на најдобрата можна снимка во различни ситуации. Со изборот од 22 типови на сцени, можно е постигнување на врвни снимки во секоја ситуација.
2,7" PureColor LCD II екран Лесно обликувајте и прегледувајте ги снимките на големиот 2,7” PureColor LCD II екран. Широкиот агол на гледање и одличниот приказ на боите и контрастот, обезбедуваат јасно прегледување дури и при силно сонце.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува подобар одзив кај Digital IXUS 120 IS и одличен квалитет на сликата.
Откривање лице, тајмер за снимател и автоматска корекција на ефектот ''црвени очи'' Технологијата за откривање лице нуди детекција на ликовите во рамките на снимката, вршејќи прилагодување на фокусот, експозицијата, блицот и балансот на белата боја - за добивање на оптимални резултати и природен изглед на кожата. Тајмерот за снимателот го олеснува снимањето на групни фотографии и автопортрети - при што снимањето се врши кога ќе се детектира ново лице во кадарот. Автоматската корекција на црвените очи овозможува отстранување на ефектот на ''црвени очи" при фотографирањето со блиц.
Спречување на заматеноста Digital IXUS 120 IS располага со технологија на Canon за откривање на движење кое спречува заматување и Servo AF/AE функција за одржување на прецизен фокус и експозиција кај подвижните објекти. Технологијата за откривање на движење се активира во интелигентниот автоматски режим и таа ги открива движењата на фотоапаратот и објектот. Притоа автоматски се поставуваат оптималните ISO вредности за секаква ситуација.
i-Contrast i-Contrast обезбедува задржување на деталите на сликата преку осветлување на темните делови и спречување на преголемото осветлување кај светлите делови. Како резултат се добиваат природни слики со најдобар можен контраст.
720p HD видео снимки Креирајте видео снимки со широк формат (16:9) во High Definition резолуција (1280x720, 30fps), потоа користете го мини HDMI приклучокот за репродукција на HD телевизор.
|