Одликувајќи се со ултра широкоаголен 24mm објектив, 5,0x оптички зум и интуитивен екран на допир, Digital IXUS 200 IS со 12,1 мегапиксели нуди комбинација на современа технологија и стилски IXUS дизајн.
|
Практично метално тело во 4 бои Digital IXUS 200 IS се одликува со стилско метално тело со два тона на боја со солидна изработка која овозможува едноставно носење и пријатно чувство при употребата. Апаратот е достапен во четири различни бои: сребрена, кафеава, виолетова или сина, така што постои модел за вклопување во сечиј стил.
Ултра широкоаголен 24mm објектив со 5,0x зум Ултра широкоаголниот 24mm објектив е совршен за снимање прекрасни пејзажи или групни фотографии. На другиот крај од опсегот, 5,0x оптичкиот зум ќе ви овозможи да се приближите до вашиот објект – што е идеално за снимање портрети одблиску. Оптичката стабилизација на сликата од Canon овозможува добивање на незаматени резултати низ целиот опсег на зумирање.
CCD сензор со 12,1 мегапиксели CCD сензорот со 12,1 мегапиксели ви овозможува снимање на мноштво фини детали. Печатете ги сликите со димензии на постери, или вршете креативно отсекување без да ги загубите деталите.
Широк 3,0” PureColor II LCD екран на допир Практичниот екран на допир обезбедува интуитивна контрола на бројните функции на апаратот. При снимањето, автоматскиот фокус со допирање ви овозможува да го задржите фокусот на одреден објект со негово допирање на екранот, додека со лесно достапните икони ќе можете да ги менувате режимите на фотографирање, параметрите на блицот и експозицијата. Прегледувањето на снимките е многу едноставно - само повлечете со прстот низ екранот за да преминувате помеѓу снимките. Со помош на дејства со допир, вие можете брзо да пристапувате до различни функции за репродукција преку едноставни движења врз екранот. Широкиот агол на гледање и одличниот приказ на боите и контрастот на PureColor II Touch LCD екранот, обезбедуваат јасно прегледување дури и при силно сонце.
Интелигентни автоматски режими и режими за фотографирање Интелигентниот автоматски режим со технологијата за откривање на сцена врши анализа на сцената која се фотографира и ги одредува потребните параметри за добивање на најдобрата можна снимка. Со изборот од 22 типови на сцени, можно е постигнување на врвни снимки во секоја ситуација. Меѓу 20-те режими за фотографирање вклучен е и креативниот светлосен ефект - функција која ја употребува оптичката стабилизација на сликата за создавање облици од светлите точки во темните сцени.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува подобар одзив кај Digital IXUS 200 IS и одличен квалитет на сликата.
720p HD видео снимки Креирајте видео снимки со широк формат (16:9) во High Definition резолуција (1280x720, 30fps), потоа користете го мини HDMI приклучокот за репродукција на HD телевизор.
Активен екран Со едноставно преминување со прстот и закосување на апаратот, активниот екран ќе ви овозможи да се движите помеѓу сликите, да започнувате и запирате репродукција на видео снимките и да го проверувате фокусот на вашата снимка.
Кориснички интерфејс со совети Како помош при ракувањето со апаратот, корисничкиот интерфејс ви нуди совети и објаснувања на екранот за функциите на апаратот при снимањето, репродукцијата и функциите на менијата кои притоа се појавуваат.
|