Со својот врвен дизајн и со екстра-големиот ЛЦД, Digital IXUS 75 е креиран за да се издвојува. Процесорот DIGIC III и напредните опции, како технологијата на откривање лице, обезбедуваат подеднакво зачудувачки резултати.
|
Уникатен дизајн Елегантната метална завршна обработка на Digital IXUS 75 е ублажена со карактеристичен црн прстен околу објективот. Избирачот со контрола на допир овозможува контрола со допир на прст, овозможувајќи му на фотоапаратот да го одржи заводливо тенкиот профил.
7,1 мегапиксели Сензор со 7,1 мегапиксели ја фаќа секоја сцена со крајно остри детали, што овозможува квалитетно печатење на фотографиите до големина на постер.
Ултра-компактно 3х оптичко зумирање Објектив со 3х оптичко зумирање со ултра-висок индекс на прекршување, асферичен (UA) дава кристално јасни перформанси во извонредно компактна форма.
DIGIC III со iSAPS Процесорот DIGIC III, на Canon, дава одговор со брзина на молња, величествен квалитет на сликата и напредна редукција на изобличувањето, за поостри, појасни слики. Технологијата iSAPS ја анализира секоја сцена за да ги оптимизира клучните нагодувања на фотоапаратот, дури и пред да сликате.
Откривање лице AF/AE/FE Откривањето лице AF/AE/FE овозможува величествени слики на луѓе, со тоа што автоматски ги открива предметите во кадарот и ги одредува оптималното фокусирање, експозицијата и нагодувањата на блицот. My Category (моја категорија) ја означува секоја слика врз основа на откривање на лице и на режим на сликање, за полесна навигација, печатење, бришење и друго.
Корекција на црвени очи Технологијата за откривање на лице овозможува брзо и точно да ги коригирате црвените очи за време на репродукцијата.
Огромен 3,0" ЛЦД Compose and review your shots in rich, vivid detail: the huge PureColor LCD offers superior colour reproduction and sharp resolution (230.000 pixels). Облогата против блескање, отпорна на гребење, додава дополнителна заштита од потчукнување и гребење.
Остро сликање при слаба осветленост Сликајте чисти, јасни слики во затемнети услови со помош на ISO 1600 - идеално за забави и ресторани или на места каде што не е дозволено фотографирање со блиц. Секогаш кога очекувате тресење на фотоапаратот, избегнете го замачкувањето со помош на Auto ISO Shift, со притискање на само едно копче.
Режими на сликање и My Colors (мои бои) Одберете од 17-те режими на сликање, кои вклучуваат палета режими на специјални сцени, оптимизирани за специфични ситуации на сликање. Применете ги вградените ефекти на боја на вашите слики и филмови со помош на My Colors.
Филмови Снимајте VGA филмови со звук со 30fps. Применете ја функцијата Time Lapse Movie за да ги зафатите сцените кои се менуваат - цутењето на еден цвет, минувањето на облаците или забрзана градска улица - за потоа забрзано да ги репродуцирате како видео-клипови.
Копчиња за кратенки и за репродукција Дојдете до омилените контроли со еден допир, со помош на копчето за кратенка, кое може кориснички да се прилагодува. Користете го специјалното копче за репродукција за да се префрлувате меѓу режимот на сликање и режимот на репродукција.
|