Чист IXUS дизајн Рефлектирајќи го наследството на дизајнот од оригиналниот IXUS, дизајнот на закривен квадрат на Digital IXUS 85 IS е поставен совршено со детаљот на задебелен прстен на објективот и со рабови во пијано-црно или сребрено.*
10,0 мегапиксели 10,0 мегапикселскиот сензор ги зафаќа сликите со најситни детали, овозможувајќи креативно потсекување и печатење со големина на постер.
објектив со 3x оптичка стабилизација на слика Со помош на напредната UA (ултра-висок индекс на прекршување) технологија на објектив, во компактната форма на Digital IXUS 85 IS сместен е моќен објектив со 3 х оптичко зумирање. Оптичкиот стабилизатор на слика (IS), ви помага да зафаќате слики без замаглување при слабо светло и при сликање со зумирање.
Технологија за откривање движење Со технологијата за откривање движење, замаглувањето веќе не треба да ве загрижува. Оваа интелигентна опција компензира за тресењето на фотоапаратот и на движењето на предметот, максимизирајќи го квалитетот на сликата.
Технологија на откривање лице Технологијата на откривање лице овозможува величествени слики на луѓе, со тоа што автоматски ги одредува оптималните нагодувања за фокусирањето, експозицијата, блицот и балансот на белата боја. Опциите Face Select и Track ви овозможуваат да го изберете и следите својот примарен предмет, така што важниот лик никогаш нема да го изгубите во гужвата.
Корекција на црвени очи Опцијата Red-Eye Correction брзо и лесно ги отстранува црвените очи во самиот фотоапарат. Може да се нагоди автоматски да ги отстранува црвените очи како што сликате или во текот на режимот на репродукција, овозможувајќи лесно постигнување на природен изглед на очите, дури и кога користите блиц.
DIGIC III и iSAPS Процесорот DIGIC III, на Canon, дава одговор со брзина на молња, величествен квалитет на сликата и напредна редукција на изобличувањето, за поостри, појасни слики. Технологијата iSAPS користи информации за сцената за да ги оптимизира нагодувањата на фотоапаратот дури и пред да сликате.
2.5" PureColor LCD II 2.5" PureColor LCD II екран со висока резолуција дава извонредно широк агол на гледање, совршен за групно споделување на вашите фотографии, како и впечатлив контраст на боја, одржувајќи ја видливоста на екранот и под силно светло. Оптичкиот визир (OVF) ви дава дополнителна флексибилност.
Режими на сликање и My Colors (мои бои) 19 режими на сликање вклучуваат специјални режими на сцена, како зајдисонце, деца и миленичиња, и снег, кои ги оптимизираат нагодувањата на фотоапаратот за лесно зафаќање на популарни предмети. Вградените ефекти за слика My Colors може да се применат на сликите и за време на сликањето и потоа.
Опции за филм Режимите за филм вклучуваат Long Play (LP) за VGA (30fps) клипови, кои користат половина од вообичаено потребниот простор на мемориската картичка. Зафаќајте постепена сцена, како изгрејсонце или цутење на цвет, за забрзана репродукција со опцијата за филм Time Lapse.
*Некои верзии може да не бидат достапни во сите подрачја
|