Високо квалитетниот со 10,0 мегапиксели дигитален IXUS 870 IS - со златен или сребрен финиш - привлекува внимание. Направете панорамско снимање со 4x широкоаголен зум, и повторно гледајте ја снимката со зачудувачки детаљи на телевизорот 3,0” PureColor LCD II.
|
Сликање со квалитет од 10,0 мегапиксели Сатенски софистициран, во златна или сребрена боја, дигиталниот IXUS 870 IS претставува гордост со врвен квалитет. Сензорот од 10,0 мегапиксели ги фаќа и најфините детаљи, за постигнување на супериорни големи снимки и креативни можности за зголемување или намалување.
Фатете повеќе Широкоаголниот 4x (28mm) оптички зум ви овозможува да фатите повеќе во вашиот кадар - идеален за пејзажи или групни фотографии. Познатата технологија на оптички стабилизатор на слика на Canon го спречува тресењето на камерата заради постигнување на слика со врвен квалитет.
DIGIC 4 Со најновата технологија за процесирање на слика која е вградена во него, DIGIC 4 обезбедува зачудувачко намалување на изобличеноста. Добиениот резултат се слики богати со детаљи, чисти слики, дури и кога се снима со високи ISO брзини. DIGIC 4 исто така нуди исклучителни брзини на процесирање и прилагодливо работење.
Технологија на откривање лице Одлични фотографии на луѓе се постигнуваат со најновата технологија за Откривање лице (Face Detection AF/AE/FE/WB), дури и на лица што се наоѓаат во агол или на поголема оддалеченост. Избор и следење на лице (Face Select & Track) ги оптимизира нагодувањата за избраното лице, додека пак FaceSelf-Timer ве чека да го внесете кадарот за снимање на поголеми групи. Автоматската корекција на црвени очи ги елиминира црвените очи за време на снимањето и репродуцирањето.
Нема заматеност Дигиталниот IXUS 870 IS се справува со потенцијалната заматеност со Високата ISO технологија за автоматско детектирање на движење (High ISO Auto and Motion Detection Technology), која го потврдува движењето и на камерата и на предметот за да го нагоди оптималниот ISO, без оглед на ситуацијата во која се снима. Серво AF ги следи предметите во движење за да овозможи тие да останат во фокусот.
Оптимален контраст i-Contrast анализира сцена за време на снимање или репродуцирање, а потоа автоматски ја подобрува осветленоста. Резултатот е подобрен контраст со задржани детаљи во услови на не многу добро осветлување.
3,0" PureColor LCD II Дарежливиот 3,0" PureColor LCD II нуди одличен контраст и пренесување на бојата, плус широк агол на гледање за полесно ставање во кадар, репродуцирање и навигација на мени - дури и под различни агли или под природна сончева светлина.
Режими на сликање 19 режими за снимање - кои вклучуваат и нов режим Зајдисонце, за неверојатни фотографии при залез на сонце - овој режим обезбедува одлични резултати во невообичаени услови на осветлување.
Лесен пристап Лесното за користење Вртење со повеќе контроли (Multi Control Dial) обезбедува брз, практичен и точен пристап до ставките, функциите и сликите во менито за време на репродуцирањето.
Филмови Снимете високо квалитетни 30fps VGA филмови со звук. Современата технологија за компресирање ја намалува големината на датотеките, за да ослободи вредна дополнителна меморија.
|