Со моќен објектив со 5x зумирање, Digital IXUS 970 IS е добро опремен и интелигентен, но никогаш не прави компромис со стилот. Неговото компактно куќиште е полно со опции, кои вклучуваат и подобрен оптички стабилизатор на слика.
|
Дизајн IXUS Digital IXUS 970 IS нежно се закривува кон делот за држење, за стилски, елегантно чувство. Бирачот со повеќе команди овозможува брзо и едноставно менување на нагодувањата, прегледување на сликите и движење низ менијата.
10,0 мегапиксели 10,0 мегапикселскиот сензор ги зафаќа сликите со најситни детали, овозможувајќи креативно потсекување и печатење со големина на постер.
5x зумирање со подобрена оптичка стабилизација на слика Благодарение на напредната UA (Ultra-High Refractive Index Aspherical) технологија на објектив, на Canon, Digital IXUS 970 IS има бескомпромисен објектив со 5x зумирање, но сепак ја задржува својата компактна форма. Реконструираниот систем за оптичка стабилизација на слика дава предност во 4 запирања, овозможувајќи постигнување на слики во услови на многу слабо светло.
Технологија за откривање движење Технологијата на Canon за откривање движење користи широк избор влезови и интелигентни алгоритами за да го открие и да го компензира тресењето на фотоапаратот и движењето на предметот. Како дел од High ISO Auto, системот го максимизира квалитетот на сликата со користење на минимално потребното ISO зајакнување за совладување на замаглувањето.
Технологија на откривање лице Технологијата на откривање лице овозможува величествени слики на луѓе, со тоа што автоматски ги одредува оптималните нагодувања за фокусирањето, експозицијата, блицот и балансот на белата боја. Опциите Face Select и Track ви овозможуваат да го изберете и следите својот примарен предмет, така што важниот лик никогаш нема да го изгубите во гужвата.
Корекција на црвени очи Опцијата Red-Eye Correction брзо и лесно ги отстранува црвените очи во самиот фотоапарат. Може да се нагоди автоматски да ги отстранува црвените очи како што сликате или во текот на режимот на репродукција, овозможувајќи лесно постигнување на природен изглед на очите.
DIGIC III и iSAPS Процесорот DIGIC III, на Canon, дава одговор со брзина на молња, величествен квалитет на сликата и напредна редукција на изобличувањето, за поостри, појасни слики. Технологијата iSAPS користи информации за сцената за да ги оптимизира нагодувањата на фотоапаратот дури и пред да сликате.
2.5" PureColor LCD II 2.5" PureColor LCD II екран со висока резолуција има крајно широк агол на гледање, овозможувајќи лесно споделување на сликите во група. Извонредниот контраст на бојата значи дека екранот е видлив и под силна сончева светлина. Оптичкиот визир (OVF) ги проширува можностите за сликање.
Режими на сликање и My Colors (мои бои) 18 режими на сликање вклучуваат зајдисонце, деца и миленичиња, како и специјални режими на сцена ISO 3200, кои ги оптимизираат нагодувањата на фотоапаратот за лесно зафаќање на популарни предмети. Вградените ефекти за слика My Colors може да се применат на сликите и за време на сликањето и потоа.
Опции за филм Режимите за филм вклучуваат Long Play (LP) за VGA (30fps) клипови, кои користат половина од вообичаено потребниот простор на мемориската картичка. Зафаќајте постепена сцена, како изгрејсонце или цутење на цвет, за забрзана репродукција со опцијата за филм Time Lapse.
|