IXUS 105 нуди одлична комбинација од лесно користење, висок квалитет на слика и IXUS дизајн кој се истакнува од останатите. Снимете извонредни детали со 12,1 MP, широкоаголниот 28mm (милиметарски) објектив и интелигентниот автоматски режим.
|
- Тенок IXUS со 12,1 MP
- Широк агол од 28mm, 4x зум. Оптичка стабилизација на слика
- 6,8 cm (2,7”) PureColor LCD екран II
- Интелигентен автоматски режим, интелигентна експозиција при блиц
- Откривање лице, тајмер за снимател, автоматска корекција на ефектот ''црвени очи''
- Технологија за откривање движење
- i-Contrast
- DIGIC 4
- Креативни режими на снимање
- VGA видео снимки
|
Класичен IXUS дизајн IXUS 105 овозможува комбинација на чист IXUS стил со забавно функционирање без напор. Достапен е во избор од четири привлечни бои.*
12,1 мегапиксели Резолуцијата од 12,1 MP ви овозможува да ги печатите сликите со димензии на постери, или да вршите креативно отсекување за да добиете совршени резултати.
Широкоаголен 28mm објектив со 4,0x зум Широкоаголниот 28mm (милиметарски) објектив е совршен за снимање пејзажи или групни фотографии, додека 4,0x оптичкиот зум ќе ви овозможи да се приближите до вашиот објект. Оптичката стабилизација на сликата од Canon овозможува добивање на незаматени резултати низ целиот опсег на зумирање.
6,8 cm (2,7”) PureColor II LCD екран За детално прегледување и обликување на снимките и лесна навигација низ менијата, IXUS 105 се одликува со 6,8 cm (2,7”) PureColor II LCD екран. Широкиот агол на гледање ќе ви го олесни споделувањето на снимките со пријателите, како и обликувањето на снимките при силно сонце.
Снимање без напор Интелигентниот автоматски режим користи технологија за откривање на сцена за да ја одреди сцената која се фотографира преку осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и општите нијанси. Фотоапаратот потоа ја избира најсоодветната сцена од 18 можни сцени и ги поставува оптималните параметри – овозможувајќи му на корисникот едноставно насочување и фотографирање. Интелигентната експозиција при блиц ги контролира моќноста и користењето на блицот, при што помага да се избегнат проблеми како темни позадини и сенки на лице, обезбедувајќи резултати со природен изглед во најразлични услови
Технологија за откривање лице Технологијата за откривање на лице открива до 35 лица во сцената и ги прилагодува фокусот, експозицијата, блицот и балансот на белата боја - за добивање оптимални резултати и природен изглед на кожата. Тајмерот за снимателот го олеснува снимањето на групни фотографии, при што снимањето се врши по влегување на ново лице во кадарот. Автоматската корекција на црвените очи го елиминира ефектот на ''црвени очи" за време на снимањето или репродукцијата.
Технологија за откривање движење Технологијата за откривање на движење ги открива движењата во сцената која се фотографира и тресењето на фотоапаратот. Потоа се поставува оптималното ISO ниво заради минимизирање на заматеноста и максимизирање на квалитетот на сликата.
i-Contrast i-Contrast нуди подобрен контраст и одлични детали во услови на слабо осветлување.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот обезбедува детална и јасна слика, дури и при снимање со високи ISO брзини. Исто така, DIGIC 4 овозможува брзо функционирање на апаратот со одличен одзив.
Режими на снимање Достапни се 15 режими на снимање, во кои спаѓа режимот слаба осветленост, наменет за прекрасни фотографии во потемни услови.
VGA видео снимки Кон фотографиите придодадете и забавни VGA видео снимки со 30fps. Функцијата YouTube™ Upload, која е вклучена во софтверскиот пакет, ви овозможува да споделувате видео записи на интернет со едноставно поврзување на компјутер.
*Некои варијанти на бои може да не бидат достапни во одредени региони
|