Компактни дигитални

Canon IXUS 160

Снимајте неверојатни фотографии и Full HD видеоснимки на едноставен начин и уживајте во споделување преку Wi-Fi и NFC.

Придобивки

  • Стил и едноставност во вашиот џеб со неверојатно тенкиот IXUS

  • Доловете ги најдобрите моменти - без разлика дали се блиску или далеку

  • Снимете извонредни детали со 20 MP

  • Прекрасни снимки со насочено фотографирање со помош на интелигентниот автоматски режим

  • Забавувајте и експериментирајте со креативните филтри

Детални карактеристики

  • Совршенство во сликите со големина за во џеб

    Доволно мал за во вашата торба или џеб, неверојатно тенкиот и стилски IXUS 160 го олеснува снимањето на фотографии и видео снимки со врвен квалитет каде и да одите.

  • Снимајте далеку и широко

    Доловете го секој момент на едноставен начин со флексибилниот објектив со широк агол од 28 мм и оптички зум до 8x. Доближете се до далечните објекти со оптичкиот зум до 8x или уште поблиску со ZoomPlus до 16x без намалување на квалитетот.

  • Исклучителни детали за вашите најдобри спомени

    Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет. Обликувајте го кадарот и отсекувајте ги вашите фотографии со голема флексибилност или создавајте неверојатни материјали со големина на постер благодарение на 20,0-те мегапиксели.

  • Неверојатни слики на едноставен начин

    Снимајте прекрасни фотографии и видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира совршените подесувања наместо вас – независно од сцената. Сè што треба да направите е да насочите и да снимате. Притиснете го копчето за помош и набрзина ќе добиете разбирливи совети за начинот на користење на вашиот фотоапарат и неговите функции.

  • Разбудете ја вашата креативност

    Експериментирајте и забавувајте се со палетата на креативни филтри. Можете да создавате изобличувања слични на оние кај објективите за ефект на рибино око, да правите минијатурни модели во сцените на фотографиите и видео снимките и многу повеќе.

  • HD видео снимки на дофат на вашите прсти

    Снимањето одлични видеоснимки е многу лесно и забавно. Со допирање на едно копче, можете да снимате одлични HD видео снимки (720p) без напор. Доживејте ја креативната разновидност при снимањето видео снимки користејќи го оптичкиот зум и уживајте во врвни и остри резултати.

  • Додајте лично прилагодување

    Додајте личен печат на фотографиите со брзата и лесна контрола на подесувањата на сликата како осветленост и интензитет на боите. Прегледувајте ги резултатите додека го обликувате кадарот со помош на контролата на прегледување во живо и споделувајте ги со пријателите преку LCD екранот од 6,8 cm (2,7”). Во комбинација со Canon Connect Station можете лесно да ги споделувате вашите фотографии и видео снимки со светот на страниците на социјалните медиуми и онлајн албумите, и да уживате во нив со семејството и пријателите на HD телевизор.

  • Одлични фотографии на луѓе

    Уживајте во одличните снимки на пријателите благодарение на технологијата за откривање на лице. Таа открива повеќе лица во еден кадар, погрижувајќи се тие да останат во фокус и со оптимална осветленост. Функциите за откривање на лице обезбедува природни тонови на кожата дури и во услови со необично осветлување.

  • Еко режим

    Одличен за патувања во текот на денот. Еко режимот ја намалува потрошувачката на енергија од батеријата, за да можете да доловите повеќе слики со едно полнење на литиум-јонската батерија на полнење.

Спецификации

  • 20 мегапиксели

  • 8x оптички зум со широк агол

  • Зумирајте до 16x со одличен квалитет

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • 720p видео снимки

  • Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе

  • Веднаш почнете да снимате видео снимки

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

  • Веднаш добијте помош

  • Компатибилност со Canon Connect Station

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат IXUS 160

  • Ременче за на зглоб WS-800 

  • Батерија NB-11L

  • Полнач за батерии CB-2LFE 

  • AC кабел 

  • Комплет со упатство за користење