Компактни дигитални

Canon IXUS 170

Овој мал, стилски и флексибилен IXUS со 20 мегапиксели и 12x оптички зум создава одлични резултати.

Придобивки

  • Стилски IXUS со џебни димензии и едноставен за користење

  • Доближете се до најдобрите моменти, далеку и широко, со зумот од 12x

  • Снимете извонредни детали со 20 MP

  • Прекрасни снимки со насочено фотографирање со помош на интелигентниот автоматски режим

  • Остри фотографии и стабилни видео снимки со интелигентна стабилизација на сликата

Детални карактеристики

  • Совршенство во сликите со големина за во џеб

    Со тенок дизајн и елегантен метален надворешен изглед кој го истакнува модерниот стил во секоја прилика, интелигентниот IXUS 170 лесно се сместува во вашиот џеб и го олеснува снимање на моментите со врвен квалитет на фотографиите и видео снимките.

  • Доближете се поблиску, фотографирајте пошироко

    Со леснотија снимајте прекрасни пејзажи и одлични групни снимки со објективот со извонредно широк агол од 25mm кој овозможува да опфатите повеќе во кадарот. Доближете се до далечните објекти со оптичкиот зум до 12x или уште поблиску со ZoomPlus до 24x без намалување на квалитетот.

  • Исклучителни детали за вашите најдобри спомени

    Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет. Обликувајте го кадарот и отсекувајте ги вашите фотографии со голема флексибилност или создавајте неверојатни материјали со големина на постер благодарение на 20,0-те мегапиксели.

  • Прекрасни и остри резултати во секој момент

    Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видео снимки и фотографии – без разлика што снимате.

  • HD видео снимки на дофат на вашите прсти

    Снимањето одлични видеоснимки е многу лесно и забавно. Со допирање на едно копче, можете да снимате одлични HD видео снимки (720p) - дури и кога снимате во движење или кога користите целосен зум.

  • Неверојатни слики на едноставен начин

    Снимајте прекрасни фотографии и видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира совршените подесувања наместо вас – независно од сцената. Сè што треба да направите е да насочите и да снимате. Притиснете го копчето за помош и набрзина ќе добиете разбирливи совети за начинот на користење на вашиот фотоапарат и неговите функции.

  • Одлични фотографии на луѓе

    Снимајте одлични снимки од пријателите благодарение на технологијата за откривање на лице. Таа открива повеќе лица во еден кадар, погрижувајќи се тие да останат во фокус и со оптимална осветленост. Функциите за откривање на лице обезбедува природни тонови на кожата дури и во услови со необично осветлување.

  • Разбудете ја вашата креативност

    Експериментирајте и забавувајте се со палетата на креативни филтри. Можете да создавате изобличувања слични на оние кај објективите за ефект на рибино око, да правите минијатурни модели во сцените на фотографиите и видео снимките и многу повеќе.

  • Додајте лично прилагодување

    Додајте личен печат на фотографиите со брзата и лесна контрола на подесувањата на сликата како осветленост и интензитет на боите. Прегледувајте ги резултатите додека го обликувате кадарот со помош на контролата на прегледување во живо и споделувајте ги со пријателите преку LCD екранот од 6,8 cm (2,7”). Во комбинација со Canon Connect Station можете лесно да ги споделувате вашите фотографии и видео снимки со светот на страниците на социјалните медиуми и онлајн албумите, и да уживате во нив со семејството и пријателите на HD телевизор.

  • Еко режим

    Одличен за патувања во текот на денот. Снимајте повеќе слики со едно полнење на литиум-јонската батерија на полнење.

Спецификации

  • 20 мегапиксели

  • 12x оптички зум со интелигентна стабилизација на слика

  • Зумирајте до 24x со одличен квалитет

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • 720p видео снимки

  • Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе

  • Веднаш почнете да снимате видео снимки

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

  • Веднаш добијте помош

  • Компатибилност со Canon Connect Station

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат IXUS 170

  • Ременче за на зглоб WS-800 

  • Батерија NB-11LH

  • Полнач за батерии CB-2LFE 

  • AC кабел 

  • Комплет со упатство за користење