Компактни дигитални

Canon IXUS 265 HS

Имајте квалитет на слика од Canon во вашиот џеб, без разлика каде ќе ве однесе животот, со овој тенок и стилски фотоапарат, опремен со објектив со 12x зум кој ќе ве приближи до случувањата и Wi-Fi за моментално споделување на вашите спомени.

Придобивки

  • Добијте квалитет каков што заслужуваат вашите фотографии со HS системот со 16 MP

  • Опфатете ги сите во кадарот со извонредно широкиот агол или зумирајте ги далечните објекти со помош на моќниот оптички зум и ZoomPlus

  • Wi-Fi и NFC за едноставно поврзување со вашиот паметен телефон и споделување на социјалните мрежи

  • Заборавете на заматените фотографии и видео снимки, благодарение на стабилизаторот на слика и интелигентната IS

  • Режимот за креативни снимки додава уметнички ефекти на вашите снимки

  • Интелигентниот автоматски режим е задолжен за сите подесувања на фотоапаратот, а вие треба само да го насочите фотоапаратот и да снимате

  • Добијте видео преглед за вашиот ден со хибридниот автоматски режим.

  • Изберете фотоапарат кој одговара на вашиот животен стил со стилско и извонредно компактно куќиште

Детални карактеристики

Спецификации

  • 12x оптички зум со интелигентна стабилизација на слика

  • Зумирајте до 24x со одличен квалитет

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • CMOS сензор со 16,0 мегапиксели

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • 6 различни слики од една снимка

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • 1080p видео снимки

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

Што содржи кутијата

  • IXUS 265 HS

  • Комплет со упатство за користење

  • Батерија NB-11LH

  • Полнач за батерии CB-2LFE

  • Ременче за на зглоб WS-800

  • AC кабел