Широк агол од 28mm и 12x оптички зум Опфатете повеќе содржини во вашиот кадар со моќниот и компактен широкоаголен објектив (28mm) со 12x оптички зум. Технологијата на Canon за оптичка стабилизација на слика преку објективот го намалува влијанието на тресењето, за добивање на јасни незаматени слики низ целиот опсег на зумирање.
12,1 мегапиксели Со помош на сензорот од 12,1 MP вие ќе можете да ја снимите секоја сцена со живописни детали – да печатите со A2 големина, или да вршите отсекување заради постигнување на саканата композиција без да ги загубите потребните детали.
Компактен дизајн во три бои Одликувајќи се со компактни пропорции за идеална употреба при патувањата, PowerShot SX200 IS располага со елегантен алуминиумски дизајн и нуди одлично чувство кога се држи во раце. Тој е достапен во избор од три класични бои: црна, сина или црвена.
DIGIC 4 обработка со голема брзина DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува извонредна брзина на обработка, одличен одзив и врвен квалитет на сликата и боите. Напредното намалување на шум нуди детална и јасна слика, дури и при високи ISO брзини.
Технологија за откривање на сцената за полесно користење Во интелигентниот автоматски режим фотоапаратот ја користи технологијата за откривање на сцената за одредување на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и општите нијанси – по што се избираат оптималните параметри. Во едноставниот режим се деактивираат сите копчиња освен блицот, и се намалува бројот на икони на екранот за поедноставно снимање.
Спречување на заматеноста PowerShot SX200 IS ја намалува заматеноста со помош на технологијата за откривање на движење. Во интелигентниот автоматски режим и во едноставниот режим се активираат повеќе технологии за откривање на движењето на фотоапаратот и објектот. Притоа автоматски се поставуваат оптималните ISO вредности за секаква ситуација. Servo AF врши следење на предметите во движење за да обезбеди тие да останат во фокусот.
Режим на рачна контрола Режимот на рачна контрола на искусните корисници им нуди креативно експериментирање со главните параметри на апаратот како решетката и брзината на блендата.
Технологија за откривање лице Групата технологии за откривање лице нуди детекција на до 35 ликови во една снимка, вршејќи прилагодување на фокусот, експозицијата, блицот и балансот на белата боја - за добивање на оптимални резултати со природен изглед на кожата. Функцијата за избирање на лице и следење ви овозможува одредување на главниот лик на фотографијата. Тајмерот за снимателот го олеснува снимањето на групни фотографии, при што снимањето се врши кога ќе се детектира ново лице во кадарот.
3,0" LCD екран Големиот и светол 3,0” LCD екран го олеснува обликувањето, прегледувањето и споделувањето на фотографиите или видео снимките.
HD видео снимки и HDMI излез Дополнете ги одличните фотографии со HD видео снимки (720p, 30fps) и споделете ги преку HDTV со помош на вградениот HDMI приклучок.
|