Лесен за користење Вообичаено користените режими за специјални сцени се поставени на тастатурата на PowerShot A550 за бирање режими, правејќи го лесно сликањето внатре, ноќе или кога ги фотографирате децата или миленичињата. Копчето за снимање/преглед со еден допир, ви овозможува брзо и лесно прегледување на сликите.
7,1 мегапиксели Сензор со 7,1 мегапиксели дава остри фотографии со висок квалитет, овозможувајќи печатење во големи формати, како и детални исечоци.
4x оптичко зумирање Објективот со 4x оптичко зумирање ви дава да се доближите до дејството без да го жртвувате квалитетот. Тој се комбинира со дигитално зумирање за 16х зголемување.
Врвна технологија Напредниот процесор DIGIC II, на Canon, дава брзи, реактивни перформанси на фотоапаратот и супериорна обработка на сликите. Технологијата iSAPS ја анализира секоја сцена за да ги оптимизира клучните нагодувања на фотоапаратот, дури и пред да сликате.AiAF со 9 точки ги одржува вашите слики остро фокусирани, дури и кога предметот е надвор од центарот.
2,0" ЛЦД 2,0" ЛЦД го прави лесно врамувањето и прегледувањето на вашите фотографии. Изборниот приказ со решетка ви помага да компонирате, додека ноќниот приказ додава видливост на екранот откако ќе се стемни.
Режими на сликање и My Colors (мои бои) Изберете од 13 режими на сликање за да ја добиете онаа совршена слика. Осум, лесни-за-користење, режими на специјални сцени ви помагаат за одлични резултати во комплицирани услови на осветлување, вклучувајќи лисје, снег и огномет. My Colors овозможува примена на специјални вградени ефекти на боја на сликите и на филмовите во вистинско време.
Одлични снимки внатре и ноќе Брзото нагодување ISO 800 ви овозможува да сликате со правилна експозиција и внатре или во услови пред стемнување, без да користите блиц. ISO 800 ви овозможува и сликање со поголеми брзини на затворачот, намалувајќи го ризикот од замачкување на сликата.
Филмови со звук Направете филмски клипови со VGA квалитет, со целосен звук. Гледајте ги на ЛЦД мониторот на фотоапаратот или поврзете го на ТВ или на компјутер, за репродукција на цел екран.
Директно печатење Со помош на PowerShot A550 печатењето е речиси моментално. Поврзете го на кој било печатач, компатибилен со PictBridge и притиснете го копчето Print/Share за да добиете отпечаток во боја за неколку секунди. Поврзете го на печатач Canon SELPHY CP и ќе може да печатите и фотографии за лична идентификација, како и сцени од филм.
Практично напојување со АА-батерии PowerShot A550 се напојува со пристапни, насекаде достапни АА батерии, овозможувајќи ви да сликате колку што сакате.
|