10,0 мегапиксели Сензорот од 10,0,,мегапиксели ви овозможува да ја снимите секоја сцена со живописни детаљи - доволно за креативно намалување, или претворање на снимката во големина на постер.
Режим за секоја прилика Опсегот од 17 режими на фотографирање - вклучително и Лесен, Зајдисонце, и ISO 3200 - ви помага да добиете идеална снимка, дури и при невообичаено осветлување. Фото ефектите на Мои бои, како што се црна и бела, можат да се применат или при фотографирање или при репродуцирање.
Компактен и живописен Со неговиот невообиачено тенок и убав дизајн, PowerShot A1000 IS може секаде да се носи со леснотија. Неговиот висок квалитет е комплетиран со финиш во три бои: сина, кафеава и сребрена*.
Дојдете поблизу Canon 4x оптичкиот зум дава низа опции за кадар - додека пак користењето на технологијата на оптички стабилизатор на слика ги штити вашите снимки од ефекти на тресење на фотоапаратот, заради постигнување на јасни, незаматени снимки.
DIGIC III и iSAPS Процесорот DIGIC III, на Canon, дава одговор со брзина на молња, величествен квалитет на сликата и напредна редукција на изобличувањето, за поостри, појасни слики. Технологијата iSAPS користи информации за сцената за да ги оптимизира нагодувањата на фотоапаратот дури и пред да сликате.
Технологија на откривање лице Одлични снимки на луѓе се прават лесно со Откривање лице AF/AE/FE/WB, кое открива најмногу девет лица и го прилагодува фокусот, експозицијата, нагодувањата на блицот и белиот баланс - за оптимални резултати со природни нијасни на кожата. Опциите Откривање и следење на лице ви овозможуваат да го изберете и следите својот примарен предмет, така што важниот лик никогаш нема да го изгубите во гужвата.
Автоматска корекција на црвени очи Брзо и точно отстранување на црвени очи. Постигнете моментално автоматско отстранување на црвени очи веднаш по снимањето - или изберете меѓу рачно или автоматско коригирање при репродуцирање.
Кажете и збогум на заматеноста Комбинацијата на технологиите на Canon го прават лесно фотографирањето на незаматени фотографии. Активирано во High ISO Auto, Технологиите за откривање на движење ја користат Технологијата за откривање лице, оптичкиот стабилизатор на слика и информации за сцената - за осветленоста на сцената и промените меѓу индивидуалните кадри - за да го идентификвуаат предметот во движење и тресењето на камерата. ISO е исто така оптимизиран за минимална заматеност и максимален квалитет на сликата.
2.5" LCD и OVF Ставете ги во кадар снимките на светол 2,5” LCD екран, и потоа лесно споделете ги со пријателите благодарение на широкиот агол на гледање. Како алтернатива, оптичкиот визир на реална слика (OVF) може да се искористи за да се продолжи векот на траење на батеријата.
Опции за филм Снимајте беспрекорни 30fps VGA отсечоци од филм само со допир на едно копче. Специјална опција Долго прикажување (Long Play) користи околу половина од просторот на нормална мемориска картичка
Некои варијанти на боите може да не се достапни во некои региони.
|