Лесен за користење Вообичаено користените режими за специјални сцени се поставени на тастатурата на PowerShot A560 за бирање режими, правејќи го лесно сликањето внатре, ноќе или кога ги фотографирате децата или миленичињата. Копчето за снимање/преглед со еден допир, ви овозможува брзо и лесно прегледување на сликите.
7,1 мегапиксели Сензор со 7,1 мегапиксели дава остри фотографии со висок квалитет, овозможувајќи печатење во големи формати, како и детални исечоци.
4x оптичко зумирање Објективот со 4x оптичко зумирање ви дава да се доближите до дејството без да го жртвувате квалитетот. Тој се комбинира со дигитално зумирање за 16х зголемување.
Врвна технологија Процесорот за обработка на слики DIGIC II, на Canon, дава брзи перформанси на фотоапаратот, супериорно предавање на боите и појасни слики со големи ISO брзини. Технологијата iSAPS користи информации за сцената за да ги оптимизира нагодувањата на фотоапаратот пред да сликате.
AiAF со 9 точки AiAF со 9 точки се грижи за тоа да можете да ги одржувате во остар фокус дури и предметите што се надвор од центарот.
Откривање лице AF/AE/FE Откривањето лице AF/AE/FE овозможува величествени слики на луѓе, со тоа што автоматски открива до 9 лица во кадарот и го одредува точното фокусирање, експозицијата и нивото на блицот. Технологијата за откривање на лице овозможува и корекција на црвени очи во режимот на репродукција. Поправете ги црвните очи во фотоапаратот и направете ги повторно да изгледаат природно.
ISO 1600 и High ISO Auto Високото ISO нагодување на PowerShot A560 ви овозможува без блиц да сликате извонредни фотографии во услови на слабо осветление. High ISO Auto приоритизира висок ISO за да овозможи поголеми брзини на затворачот, намалувајќи го ризикот од замачкани слики.
2,5" ЛЦД Големиот јасен 2,5" ЛЦД е идеален за да ги гледате сликите со пријателите и семејството. Изборниот приказ со решетка ви помага да компонирате, додека режимот на ноќен приказ додава видливост на екранот откако ќе се стемни.
Режими на сликање и My Colors (мои бои) Изберете од 14 режими на сликање за да ја добиете онаа совршена слика. 6 режими на специјални сцени ви помагаат при комплицирани услови на осветлување, вклучувајќи плажа, лисје и снег. Уште повеќе подобрете ги вашите слики со вградените алатки My Colors за управување со бојата.
Филмови со висок квалитет Снимајте екстра-долги¹ филмови со 30fps и VGA квалитет или снимајте QVGA филмови со 60fps и анализирајте ги во остра спора репродукција.
Директно печатење Поврзете го на кој било печатач, компатибилен со PictBridge и притиснете го копчето Print/Share за да добиете отпечаток во боја за неколку секунди. Поврзете го на печатач Canon SELPHY CP и ќе може да печатите и фотографии за лична идентификација, како и сцени од филм.
¹Зависно од брзината и капацитетот на мемориска картичка
|