7,1 мегапиксели Сензор на PowerShot A570 IS со 7,1 мегапиксели фаќа зачудувачки детални слики, овозможувајќи ви детални исечоци, како и печатење во големи формати.
4x оптичко зумирање Јасен објектив со 4x оптичко зумирање ви ја дава флексибилноста да ги фаќате сликите одблиску, без да го жртвувате квалитетот.
Стабилизатор на оптичка слика Технологијата на оптичка стабилизација на сликата (Image Stabilizer - IS) се спротивставува на тресењето на фотоапаратот при помали брзини на затворачот и при целосно зумирање. Таа дозволува сликање внатре и при слаба осветленост без блиц.
DIGIC III со iSAPS
Процесорот за обработка на слики DIGIC III, на Canon, дава брзи перформанси, супериорно предавање на боите, додека напредната редукција на изобличување обезбедува појасни слики при големи ISO брзини. iSAPS користи информации за сцената за да ги оптимизира нагодувањата на фотоапаратот пред да сликате.
Откривање лице AF/AE/FE Откривањето лице AF/AE/FE овозможува величествени слики на луѓе, со тоа што автоматски открива до 9 лица во кадарот и го одредува точното фокусирање, експозицијата и нагодувањата на блицот. Технологијата за откривање на лице овозможува и корекција на црвени очи во режимот на репродукција. Поправете ги црвните очи во фотоапаратот и направете ги повторно да изгледаат природно.
ISO 1600 и High ISO Auto Високите ISO нагодувања на PowerShot A570 IS ви овозможуваат без блиц да сликате извонредни фотографии во услови на слабо осветлување, како во музеи и ресторани. High ISO Auto приоритизира висок ISO за да овозможи поголеми брзини на затворачот, намалувајќи го ризикот од замачкани слики.
Режими на сликање 19-те режими на сликање на A570 IS вклучуваат креативна зона за рачна контрола. Популарните режими на специјални сцени - ноќна брза снимка, деца и миленичиња, внатре - се сместени лесно достапно на избирачот на режим на сликање. Применете ефекти на боја во фотоапаратот со помош на My Colors.
Филмови Снимајте филмови со VGA квалитет, со целосен звук. Гледајте ги на ЛЦД мониторот на фотоапаратот или поврзете го на ТВ или на компјутер, за репродукција на цел екран.
2,5" ЛЦД Јасниот 2,5" ЛЦД е идеален за лесно групно гледање. Режимот на ноќен приказ додава видливост на екранот откако ќе се стемни, додека изборниот приказ со решетка ви помага да компонирате.
Голема палета на прибор Комплетната палета на изборен прибор вклучува широки и теле конверторски објективи, објектив за крупен план и подреден блиц. Водоотпорното куќиште овозможува подводно сликање до длабочина од 40 метри.
|