8,0 мегапиксели Сензор со 8,0 мегапиксели јасно ги снима вашите слики со сите детали - така што од нив слободно можете да правите исечоци, да ги зголемувате, да им ја менувате големината и да уживате во секоја слика.
4x оптичко зумирање Јасен објектив со 4x оптичко зумирање ви ја дава флексибилноста да ги фаќате сликите одблиску, без да го жртвувате квалитетот. Тој се комбинира со дигитално зумирање за до 16х зголемување.
Технологија за откривање движење Технологијата за откривање движење работи на елиминирање на замаглувањето, така што компензира за движењето на предметот и тресењето на фотоапаратот. Како дел од High ISO Auto, интелигентниот систем користи разни влезни податоци, како технологија на откривање лице и информации светлоста на сцената, за постигне слики без замаглување и да го максимизира квалитетот на сликата.
Технологија на откривање лице Технологијата на откривање лице овозможува величествени слики на луѓе, со тоа што автоматски ги одредува оптималните нагодувања за фокусирањето, експозицијата, блицот и балансот на белата боја. Опциите Face Select и Track ви овозможуваат да го изберете и следите својот примарен предмет, така што важниот лик никогаш нема да го изгубите во гужвата.
Корекција на црвени очи Опцијата Red-Eye Correction брзо и лесно ги отстранува црвените очи во самиот фотоапарат. Може да се нагоди автоматски да ги отстранува црвените очи како што сликате или во текот на режимот на репродукција, овозможувајќи лесно постигнување на природен изглед на очите, дури и кога користите блиц.
DIGIC III и iSAPS Процесорот DIGIC III, на Canon, дава одговор со брзина на молња, величествен квалитет на сликата и напредна редукција на изобличувањето, за поостри, појасни слики. Технологијата iSAPS користи информации за сцената за да ги оптимизира нагодувањата на фотоапаратот дури и пред да сликате.
2,5" ЛЦД Јасниот 2.5" ЛЦД е идеален за лесно гледање во група. Ноќниот режим на прикажување ја подобрува видливоста при слабо светло, додека изборниот приказ со решетка помага во компонирањето. Оптичкиот визир (OVF) ви овозможува да го исклучите екранот за да ја штедите батеријата.
Режими на сликање 16-те режими на сликање вклучуваат лесен режим, кој ги донесува сите важни одлуки за ултра-лесно фотографирање, плус режимите на специјални сцени, како зајдисонце, портрет и деца и миленичиња, за одлични резултати при вообичаени ситуации на сликање. За време на сликањето може да се применат фото-ефектите My Colors (Мои бои), како на пример црно-бело.
Опции за филм Режимите за филм вклучуваат Long Play (LP) за VGA (20fps) клипови, кои користат половина од вообичаено потребниот простор на мемориската картичка.
Директно печатење Со PowerShot A580, печатењето е лесно и брзо. Поврзете го на кој било печатач, компатибилен со PictBridge и притиснете го копчето Print/Share за да добиете отпечаток во боја за неколку секунди. Поврзете го на печатач Canon SELPHY CP и ќе може да печатите и фотографии за лична идентификација, како и сцени од филм.
|