8,0 мегапиксели Сензор со 8 мегапиксели јасно ги снима вашите слики со сите детали - така што од нив слободно можете да правите исечоци, да ги зголемувате и да уживате во секоја фотографија.
6x оптичко зумирање со оптичка стабилизација на слика Технологијата на оптичка стабилизација на сликата се спротивставува на ефектот на тресење на фотоапаратот. Продолжете да работите со помали брзини на затворачот и при услови на слаба осветленост. 6x оптичкото зумирање дава флексибилност при правењето на кадарот со остра јасност.
DIGIC III со напредна редукција на изобличувањето Процесорот за обработка на слики DIGIC III дава брзи перформанси на фотоапаратот, супериорно предавање на боите и појасни слики со големи ISO брзини. Технологијата iSAPS користи информации за сцената за да ги оптимизира нагодувањата на фотоапаратот пред да сликате.
Откривање лице AF/AE/FE Технологијата на откривање лице овозможува величествени слики на луѓе, со тоа што автоматски открива до 9 лица во кадарот и ги одредува оптималното фокусирање, блицот и експозицијата. Корекцијата на црвени очи при репродукција го одржува изгледот на очите природен.
Режими на сликање и My Colors (мои бои) Изберете од 19 режим на сликање, кои вклучуваат креативна зона за рачна контрола. Направете ја совршената слика, дури и во комплицирана осветленост. Брзо бирајте опции на избирачот на режими, како портрет, ноќно брзо сликање или деца и миленичиња. За уште поголем избор влезете во менито за режими на специјални сцени. My Colors овозможува примена на специјални вградени ефекти на боја на сликите и на филмовите.
2,5" ЛЦД со широк видик 2,5" ЛЦД оптички визир за вистинска слика нуди широки агли за лесно заедничко гледање.
Digital Tele-Converter и Safety Zoom Safety Zoom (безбедносно зумирање) нуди дополнително зголемување со зумирање, без да влијае на квалитетот на сликата. Исто како користите додаток за теле-конвертор, дигиталниот теле-конвертор го зголемува дострелот при секое сликање.
ISO 1600 и High ISO Auto ISO 1600 е во комбинација со оптички стабилизатор на слика, за да се спротивстави на замачкување на сликата и да испорача резултати без блиц при слаба осветленост. High ISO Auto автоматски го избира точното нагодување за ISO за дадената ситуација.
Рамномерни VGA филмови Снимајте рамномерни VGA филмови со звук. Одберете го режимот Long Play VGA (30fps) за посилна компресија, која овозможува на мемориската картичка да се чува двапати повеќе видео.
Прибор Целата палета изборен прибор вклучува широки и теле-конвертор објективи, објектив за крупен кадар и моќен подреден блиц.
|