10,0 мегапиксели Сензорот од 10,0 мегапиксели ја фаќа секоја сцена со живописни детаљи, спремен за намалување или претворање на печатените материјали во големина на постер со врвен квалитет.
Дојдете поблизу За целосна флексибилност кога ги ставате во кадар вашите снимки, PowerShot E1 е опремен со оптичкиот 4х зум на Canon. Технологијата за оптичко стабилизирање на сликата ги штити сликите од ефектите на тресење на фотоапаратот, за добивање на конзистентни остри резултати.
Уникатен дизајн Со неговиот заоблен дизајн - со финиш по избор во бело, розево или сино* - PowerShot E1 се истакнува во секој огромен избор. Неговата компактна градба лесно се вклопува со секој џеб или ташна за на рамо.
Режими за секоја прилика Палетата од 17 режими на фотографирање - вклучително и Лесниот режим за едноставната операција „Насочи и фотографирај“ - ви помага да правите одлични слики дури и во не многу добри услови на осветлување. Фото ефектите на Мои бои, како што се црна и бела, можат да се применат или при фотографирање или при репродуцирање.
Технологија на откривање лице Супериорни снимки на луѓе се прават лесно со Откривање лице AF/AE/FE/WB, кое открива најмногу девет лица и го прилагодува фокусот, експозицијата, нагодувањата на блицот и белиот баланс - за оптимални резултати со природни нијасни на кожата. Опциите Откривање и следење на лице ви овозможуваат да изберете и следите одреден објект, така што важниот лик никогаш нема да го изгубите во гужвата.
Автоматска корекција на црвени очи Брзо и точно отстранување на црвени очи. Постигнете моментално автоматско отстранување на црвени очи веднаш по снимањето - или изберете меѓу рачно или автоматско коригирање при репродуцирање.
Направете незаматени фотографии Комбинацијата на технологиите на Canon ја попречува заматеноста на фотографиите. Активирано во High ISO Auto, Технологиите за откривање на движење ја користат Технологијата за откривање лице, оптичкиот стабилизатор на слика и информации за сцената - за осветленоста на сцената и промените меѓу индивидуалните кадри - за да го идентификуваат предметот во движење и тресењето на камерата. ISO е исто така оптимизиран за минимална заматеност и максимален квалитет на сликата.
DIGIC III и iSAPS Процесорот DIGIC III на Canon дава одговор со брзина на молња, величествен квалитет на сликата и современо намалување на изобличувањето, за поостри, појасни слики. Технологијата iSAPS користи информации за сцената за да ги оптимизира нагодувањата на фотоапаратот дури и пред да сликате.
2.5" LCD и OVF Ставете ги во кадар снимките со помош на светол 2,5” LCD екран, и потоа лесно споделете ги со пријателите благодарение на широкиот агол на гледање. Како алтернатива, користете оптички визир на реална слика (real-image optical viewfinder (OVF)) за да го продолжите векот на траење на батеријата.
Опции за филм Заменете ги вашите фотографии со беспрекорни 30fps VGA филмски исечоци. Специјална опција Долго прикажување (Long Play) користи околу половина од просторот на нормална мемориска картичка
Некои варијанти на бои може да не се достапни во некои региони.
|