Со сензор од 14,7 мегапиксели, 5x широкоаголни леќи и ултра-брза, современа моќ на сликање на DIGIC 4 на Canon, PowerShot G10 ги руши сите граници. RAW снимањето овозможува целосна контрола над сликата после снимањето
|
14,7 мегапиксели Сензорот од 14,7 мегапиксели обезбедува богати детаљи за големи отпечатоци и за креативно намалување, при што исотвремено ви овозможува да ги искористите до максимум функциите на Безбедносниот зум на камерата и Дигиталниот теле-конвертер
Квалитетни 5x широкоаголни леќи Фатете повеќе во вашиот кадар со компактните, високо квалитетни 5x широкоаголни (28mm, f/2,8) леќи. Технологијата на Canon за оптичко стабилизирање на слика ги неутрализира ефектите од тресење на камерата, заради постигнување на јасни, незаматени слики во опсегот на зумот.
RAW снимање RAW снимањето дава целосна контрола врз сите параметри на сликата при уредување после снимањето. Поддршката на софтверот Digital Photo Professional (DPP) на Canon овозможува корисниците на Digital SLR да го интегрираат PowerShot G10 во нивната работа.
DIGIC 4 Најновото во технологија за процесирање на слика, DIGIC 4 обезбедува зачудувачко намалување на изобличеноста. Добиениот резултат се слики богати со детаљи, почисти слики, дури и при високи ISO брзини. DIGIC 4 исто така нуди исклучителни брзини на процесирање и прилагодливо работење.
Против заматеност PowerShot G10 се справува со заматеностa преку Високата ISO технологија за автоматско детектирање на движење (High ISO Auto and Motion Detection Technology), која го потврдува движењето и на камерата и на предметот за да го нагоди оптималниот ISO, без оглед на ситуацијата во која се снима. Серво AF ги следи предметите во движење за да овозможи тие да останат во фокусот.
Технологија на откривање лице За лесно, спонтано портретирање PowerShot G10 го користи Откривање на лице (Face Detection) AF/AE/FE/WB на Canon. Избор и следење на лице (Face Select & Track) ги оптимизира нагодувањата за избраното лице, додека пак FaceSelf-Timer е идеален за автопортрети или групни фотографии.
3,0" PureColor LCD II 3,0" PureColor LCD II има неверојатна резолуција (460K пиксели) за исклучителни детаљи за време на поставувањето на кадарот или репродуцирањето - додека пак оптичкиот визир нуди екстра избор на кадар.
Практични вртења Наменската опција Компензација на експозиција и ISO вртења обезбедуваат практично прилагодување на експозицијата и ISO без потреба од пристап до менијата. Вртењето со повеќе контроли обезбедува брз, точен пристап до ставките, функциите и сликите од менито.
i-Contrast i-Contrast анализира сцена за време на снимање или репродуцирање, а потоа jа подобрува осветленоста во темните зони. Резултатот е подобрен контраст со задржани детаљи во услови на не многу добро осветлување.
Режими на сликање 26 режими, вклучително и бројни автоматски режими, го прават полесно снимањето во невообичаени ситуации PowerShot G10 исто така нуди целосен рачен режим, за целосна креативна контрола.
Опсег на помошни средства Опсежниот систем на помошни средства вклучува и теле-конвертер, водоотпорна футрола и компатибилност со целата палета на Speedlite блицови на Canon.
|