Со објектив со 12х оптичко зумирање и стабилизација на слика, технологија на откривање лице и широки опции за филм, PowerShot S5 IS се истакнува во секоја ситуација. Уживајте во разновидното сликање, компатибилно со блицови Speedlite.
|
Оптика со високи перформанси Моќниот објектив со 12x оптичко зумирање ја содржи познатата технологија на Canon за оптичка стабилизација на сликата, за да се спротивстави на тресењето на фотоапаратот. Ултразвучен мотор (Ultrasonic Motor - USM) обезбедува брза и речиси бесшумна работа¹. Технологијата на UD-објективи и облогата SuperSpectra ги редуцираат хроматските аберации, блескањето и двојните слики, за да се добијат остри слики со величествена точност на бојата.
Резолуција Сензор со 8,0 мегапиксели го фаќа најфиниот детаљ во секоја сцена, овозможувајќи ви да правите исечоци или да ги зголемувате сликите и да креирате големи отпечатоци.
Широки опции за филм Снимајте филмови со 30fps, VGA квалитет и со стерео звук, или снимајте QVGA филмови со 60fps и анализирајте ги во остра спора репродукција. Правете неподвижни слики со полна резолуција, додека снимате со опцијата слики во филм (Photo in Movie).
DIGIC III со iSAPS Процесорот DIGIC III, на Canon, дава одговор со брзина на молња, величествен квалитет на сликата и напредна редукција на изобличувањето, за појасни слики при големи ISO брзини. Технологијата iSAPS ја анализира секоја сцена за да ги оптимизира клучните нагодувања на фотоапаратот, дури и пред да сликате.
Технологија на откривање лице Откривањето лице AF/AE/FE овозможува величествени слики на луѓе, со тоа што автоматски открива до 9 лица во кадарот и го бира оптималното фокусирање, експозицијата и нагодувањето на блицот. Во режимот Филм, AF/AE со откривање лице постигнува точна експозиција и фокусирање дури и кога предметот се движи кон фотоапаратот или се оддалечува од него.
Корекција на црвени очи Технологијата за откривање на лице овозможува брзо и точно да ги коригирате црвените очи за време на репродукцијата.
Остро сликање при слаба осветленост Сликајте подобрени слики во затемнети услови со помош на ISO 1600 - идеално за галерии и музеи, каде што е забрането фотографирање со блиц. Секогаш кога очекувате тресење на фотоапаратот, избегнете го замачкувањето со помош на Auto ISO Shift, со притискање на само едно копче.
Екстра голем ЛЦД со варијабилен агол 2,5" ЛЦД со висока резолуција и варијабилен агол, ви дава да креирате кадри од предизвикувачки агли и да ја споделите репродукцијата со пријателите. Режимот на ноќе приказ ја зголемува видливоста откако ќе се стемни.
Режими на сликање и My Colors (мои бои) Изборот од 22 режими на сликање вклучува рачен режим за креативна контрола о 0cm Super Macro режим за крајно крупен план. Применете ги вградените ефекти на боја на вашите слики и филмови со помош на My Colors.
Прибор Широка палета на прибор, која вклучува покривач на објективот и конверторски објективи за широк агол/далеку/крупен план. Папучата за прибор на PowerShot S5 IS ја овозможува на употребата на блицови Canon Speedlite.
¹Брзината на зумирање и бучавата варираат меѓу режимите на неподвижна слика и филм.
|