Со HS систем и објектив со f/2, PowerShot S95 со 10,0 MP дава извонредни резултати при слаба осветленост. HD видео снимки, RAW и уникатен контролен прстен за објективот за рачна контрола кои овој џебен фото апарат го прават погоден за сериозните фотографи.
|
- HS систем и објектив со f/2
- 10,0 MP CCD сензор со висока чувствителност
- 28 mm ширина, објектив со зум од 3,8x, хибридна IS
- Контролен прстен за објектив, целосна рачна контрола и RAW снимање
- 7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран
- HD видео снимки, HDMI
- Динамички режим со голем опсег
- Интелигентен автоматски режим
- Multi-Aspect снимање
- Изборна водоотпорна торбичка
|
HS систем со CCD сензор со 10,0 MP и висока чувствителност Можноста за снимање при повисоки ISO брзини и одржувањето на одличен квалитет на сликата се најважните особини на PowerShot S95. HS системот претставува моќна комбинација на сензор со висока чувствителност и најнов DIGIC 4 процесор на слика кој нуди извонреден квалитет на сликата при различни услови на осветлување, вклучувајќи го и слабото осветлување.
F/2,0 28 mm широк објектив со зум од 3,8x и хибридна стабилизација на слика Брзиот објектив со f/2,0 им овозможува на корисниците да фотографираат без статив или блиц во потемни услови. Оптичката стабилизација на слика го корегира тресењето на фотоапаратот до 4 чекори, додека хибридната IS обезбедува поостри резултати кај макро сцените.
Контролен прстен за објектив, целосна рачна контрола и RAW снимање Контролниот прстен за објективот нуди брз пристап до рачните подесувања. Со прстенот може да се контролираат разни функции како што е зумирање, решетка, брзина на бленда, фокусирање, ISO вредности или компензација на експозиција. Исто така, RAW снимањето може дополнително да се обработува испорачаниот софтвер Digital Photo Professional.
7,5 cm (3,0”) PureColor II G LCD екран Осветлен и јасен LCD екран со слој од прекалено стакло кој ја зголемува јачината и обезбедува голема видливост дури и кога снимате во услови на силна светлина.
HD видео снимки, HDMI Сега може да снимате HD видео снимки во 720p со 24fps. Корисниците може да снимаат HD видео снимки со стерео звук и да ги репродуцираат преку HDMI приклучокот.
Динамички режим со голем опсег Кај сцените со висок контраст, конвенционалниот дигитален фото апарат не секогаш може да ги сними деталите во сенките и осветлените делови. Ако апаратот е поставен на статив, режимот на снимање со голем динамичен опсег снима повеќе експозиции од истата сцена и ги комбинира во самиот фото апарат со цел детално да ја сними сцената со висок контраст.
Интелигентен автоматски режим Интелигентниот автоматски режим користи технологија за откривање на сцена за да ја открие соодветната сцена од можни 28 и да обезбеди најдобри резултати. Интелигентната експозиција при блиц интелигентно ги контролира моќноста и користењето на блицот за да обезбеди природни фотографии.
Multi-Aspect снимање Корисниците може да снимаат во повеќе формати, вклучувајќи 3:2, 1:1, 16:9 и 4:5. Ова овозможува совршена композиција за време на снимањето без потреба од дополнителна обработка.
Изборна водоотпорна торбичка Чувајте го вашиот PowerShot S95 на безбедно и суво место со изборната водоотпорна торбичка, која ви овозможува да го заштитите фото апаратот и да го однесете под вода до длабочина од 40 m.
|