10x оптичко зумирање со оптичка стабилизација на слика Технологијата на оптичка стабилизација на сликата се спротивставува на ефектот на тресење на фотоапаратот. Продолжете да работите со помали брзини на затворачот и при услови на слаба осветленост. 10x оптичкото зумирање дава флексибилност при правењето на кадарот со остра јасност.
8,0 мегапиксели Сензор со 8 мегапиксели фаќа доволно детали за креативни исечоци и за печатење со големина на постер, со извонреден квалитет.
DIGIC III со напредна редукција на изобличувањето Процесорот за обработка на слики DIGIC III дава брзи перформанси на фотоапаратот, супериорно предавање на боите и појасни слики со големи ISO брзини. Технологијата iSAPS користи информации за сцената за да ги оптимизира нагодувањата на фотоапаратот пред да сликате.
Технологија на откривање лице Технологијата на откривање лице AF/AE/FE овозможува величествени слики на луѓе, со тоа што автоматски ги одредува оптималните нагодувања за фокусирањето, експозицијата и блицот. Face Select и Track ви даваат да го изберете примарниот предмет од до 35 идентификувани лица. Корекцијата на црвени очи при репродукција го одржува изгледот на очите природен.
2,5" ЛЦД со широк видик 2,5" ЛЦД нуди широки агли за лесно заедничко гледање.
Режими на сликање и My Colors (мои бои) Изберете од 18 режим на сликање, кои вклучуваат креативна зона за рачна контрола. Направете ја совршената слика, дури и во комплицирана осветленост. Брзо бирајте опции на избирачот на режими, како портрет, ноќно брзо сликање или деца и миленичиња. За уште поголем избор влезете во менито за режими на специјални сцени. My Colors овозможува примена на вградени ефекти на боја на сликите и на филмовите.
Кориснички прилагодени команди Јасен и едноставен интерфејс со големи, јасно означени копчиња и контролен избирач, ги зголемуваат можноста за користење леснотијата на ракување, за секој член од семејството.
ISO 1600 и Auto ISO Shift ISO 1600 е во комбинација со оптички стабилизатор на слика, за да се спротивстави на замачкување на сликата и да испорача резултати без блиц при слаба осветленост. Кога се предвидува тресење на фотоапаратот, Auto ISO Shift автоматски го зголемува ISO за уште повеќе да го редуцира ризикот од замачкување.
Рамномерни VGA филмови Снимајте рамномерни VGA филмови со звук. Одберете го режимот Long Play VGA за посилна компресија, која овозможува на мемориската картичка да се чува двапати повеќе видео.
|